Ајфак, јуфак, вифак… фор ајскрим

Јас немам проблем луѓето да бидат манипулирани, цицани и третирани како робови. Веќе ми е јасно дека човештвото ужива сопствената глупост да ја прикажува како мудрост. Истовремено се радувам што има писатели што имаат пророчки дар. А пророците порано ги убивале

Се промашивме минатата недела. Јас паузирав, вие празнувавте. Како и да е, ми помина пред очи заканата на Каракачанов. Дека ќе влезе со војска на територија на Вашата Земја и ќе земе споменици на личности измислени од Тито. Сеедно што веќе не коментирам локална политика, оти глупо е да се коментираат рај и благосостојба, оваа информација ми создаде визуелен приказ на најавената бугарска административна офанзива. Мојот изопачен ум веднаш ги проектираше неговите зборови. Тој најави дека тука Бугарите ќе бидат пречекани со леб, сол, цвеќе и овации. И јас го видов тоа. Токму така ќе го пречекаат децата на црвената буржоазија, интелектуалната бижутерија, граѓанството луѓенца, најпрогресивните меѓу племето Три Коси Црти. Заради традицијата. Имено, нивните татковци беа горди на ритуалот „Бугарки за три чрвени“. Се фалеа со тоа. Денес традицијата е во обратна насока. Денес децата на црвената буржоазија ќе ги пречека бугарските војници со овации чекајќи ги своите „три чрвени“.

Патем, прочитав генијална дефиниција за прогресивната интелектуална бижутерија. „Се облекуваш како панкер-анархист, а опсесивно лижеш мадиња на светскиот капитал не тргајќи поглед од телепромтерот на кој пишува дали денес е дозволено да се мрда со јазикот.“. Две работи. Цитатот е вулгарен. Ама станува збор за врвно книжевно дело, па се надевам редакцијата нема да има проблем. Второ, телепромтер, кај нас разговорно е „идиот“. Од него читаат оние на кои не им тече баш мислата. Како на Бајден.
Автор на овој цитат е книжевниот гениј и денес, најпреведуваниот руски автор, Виктор Пељевин. Од него, на македонски е преведен само романот „Чапаев и Празнина“. Во последната колумна ви правев компаративна приказна за реалноста во која живееме, преку романот „Сино сало“ на Владимир Сорокин. Тука малку ќе ве „малтретирам“ со Пељевин. Гореспоменатиот цитат е од романот што во моментот го читам. Насловот е „Ајфак 10“.

Се надевам не треба да ви го објаснувам името на романот. Сите знаете што е ајфон, ајпад, па имево на гаџетов веројатно ви ја чепка фантазијата. Ама па некои детали околу него се потребни за суштината на колумнава. Оти сепак станува збор за постмодерен сајбер-панк сместен во блиската иднина. Па, така, „ајфак 10“ е многу скап гаџет за секс. Последен крик на сајбер-технологијата. Вештачка интелегенција. Гаџет што во себе содржи дилдо, вагина и анус. Ставате „огмент“ наочари и можете визуелно да ги добиете кој партнер или партнерка сакате. Со „ајфак 10“ влегувате во неповторливо телесно и визуелно задоволство. И сите го имаат по дома. Затоа што никој веќе не практикува нормален секс. И тука доаѓаме до суштината.
Зошто луѓето веќе не практикуваат нормален секс? За тоа е одговорна супер мегакорпорацијата „Биг Дата“. Најголемиот светски производител на технологија, гаџети и вештачка интелигенција. Тие во своите лаборатории го создаваат вирусот „зика 3“. Истиот го шират низ цела планета.

Овој страшен вирус се добива преку секс. Заради него, сите родени деца се мутанти. Тоа е доволно светските влади да го забранат сексот. И така, мегакорпорацијата може да ги продава своите секс-гаџети и да заработува милијарди на дневна основа. Да не ви звучи нешто познато?
Океј, ќе ми речете, лесно е сега да се раскаже таква приказна. Се согласувам. Лесно е сега, ама Пељевин го издава „Ајфак 10“ во 2017 година. Сега ќе додадете, му се погодило да погоди. Да, а? Е па, не е така. Во 2012 година го издава романот „S.N.U.F.F“. Уште една сајбер-панкдистопија. А во него, до детаљ е објаснето сето она што се случи во Украина. Само што кај него се нарекува Уркаина. А „длабоката држава“ и Европската Унија се Вавилон. Проблем е што сето тоа во Киев се случи две години подоцна, во 2014 година.
И така, „Ајфак 10“ тамам ми се поклопи со изрежиранава идиотска реалност во која живееме. Социјална дистанца, инструирана паника, маски на отворено. А во меѓувреме одредени корпорации прават милијарди. Јас немам проблем луѓето да бидат манипулирани, цицани и третирани како робови. Веќе ми е јасно дека човештвото ужива сопствената глупост да ја прикажува како мудрост. Истовремено се радувам што има писатели што имаат пророчки дар.

А пророците порано ги убивале. Простата раја поттикната од лицемерната фарисејска власт каменувала и распнувала. Денес нема потреба Пељевин да го каменуваат. Фарисејската моќ си ги има сите алатки на своја страна. Естаблишмент, медиуми, глупи, а извикани интелектуалци, Холивуд, војски, полиции, СЗО, потплатени научници и испрано, чипирано „ајфак“ човештво. Моќта си експериментира и заработува, а рајата робува, „лови вештерки“ и потпевнува, „Ајфак, јуфак, вифак… фор ајскрим“. Што нѐ враќа кај лижењето за капитал. Иако лижачите се облечени како авангарда.
Нема да откривам други детали од романот. Може некој ќе сака да си го купи и прочита. Преведен е на српски. Сигурно и на англиски. Интересно е да ви споменам само уште еден момент. Како е поделена западната цивилизација. Оти веќе утре, знаејќи го пророчкиот дар на Пељевин, можеби токму така ќе биде поделбата.
Европската Унија ја сочинуваат шест членки: Русија, Украина, Белорусија, Ерменија, Естонија и Литванија. Она што ние денес го знаеме како ЕУ, кај Пељевин е Калифат. Или Еврошеријат. Британија си е Британија.

Во нејзиниот склоп е единствената банка што владее со финансиите во светот. САД не постојат. По граѓанската војна, (хммм?), поделена е на две држави. Северноамериканска конфедерација и Соединети Сончеви Американски држави. САК се конзервативци. Сончевите или Меѓуножје како што ги нарекуваат во Русија, се неолибералите поделени во две поддржави. Силиконска долина и Велферленд. Велфер е социјална помош. Таму живеат црнците. Не работат ништо. Само тие смеат да се сексаат и раѓаат мутанти. За нив отплаќаат белците од Силиконската долина како долг поради робовладетелството. И се обидуваат да ја наметнат вината на цела бела раса. Тие ги држеа како робови, а сакаат сите да се чувствуваме виновни, вели главниот лик. А да, главниот лик е компјутерски алгоритам со професија полициски инспектор-романописец.

П. С. Не следам „политика“ поврзана со „државава“. Ама ми пролета пред очи. Племето и граЏанството Три Коси Црти добило бугарски темели. Ај, честито, да ви се цврсти и вековни! Драго ми е што носите маски. Да не ви го гледам срамот. Уф, заборавив, вие немате ни срам, ни припадност, А и бугарските темели сега ќе ви плаќаат сметки.