Аман, не бидете како нив

Ама вас не можам да ве разберам. Вие што барате одговорност. Од кого ја барате? Од оние што го злоупотребија случајот „Монструм“ за политички цели? Оние што неколку години, родителите што изгубија деца ги влечеа за нос, само за да се доберат до власт? Од нив барате одговорност? Од луѓе што ви пуштаа дозирани прислушувани разговори, а нивната пропаганда ве лажеше дека Груевски и Јанкуловска ги убиле Мартин Нешковски и Никола Младенов? Ме за…вате, нели?

Не можам да ве разберам. Еве неколку дена се измачувам размислувајќи и стварно не можам да ве разберам. Барате одговорност, велите морална и политичка одговорност, споменувате оставки, кривични истраги. Не, не можам да ве разберам.
Зборувам за ужасната трагедија во Тетово. Бог да ги прости починатите. Нека маченичката смрт им донесе мирна вечност на душите. Нивните семејства, колку и да е тешко тоа, да најдат мир и утеха, оти чудни се патиштата господови.
Ама вас не можам да ве разберам. Вие што барате одговорност. Од кого ја барате? Од оние што го злоупотребија случајот „Монструм“ за политички цели? Оние што неколку години, родителите што изгубија деца ги влечеа за нос, само за да се доберат до власт? Од нив барате одговорност? Од луѓе што ви пуштаа дозирани прислушувани разговори, а нивната пропаганда ве лажеше дека Груевски и Јанкуловска ги убиле Мартин Нешковски и Никола Младенов? Ме за…вате, нели? Па, уште морална одговорност барате. Од луѓе што ја злоупотребија трагедијата на малечката Тамара, па она што беше негрижа на родител, лажеа дека е смислено убиство врз дете од страна на власта. И морална одговорност сакате, а? Од луѓе што немаат морал, совест, сомилост, вие барате морална одговорност? Ама не ми се верува. Од луѓе што погазија устав и закон, се п…аа на референдумска волја на народ, кои насила сменија име, избришаа идентитет, спакуваа политичко-полициски монтиран случај без докази, па преку своите корумпирани обвинители и судии осудија за тероризам невини луѓе…, од нив барате одговорност? Да набројувам уште? Луѓе што СЈО го користеа за рекет и терор, а кога беа откриени и посочени му се одмаздија на човекот што им го обелодени криминалот, па сега го држат во притвор со фалсификувани документи и докази, луѓе што се покажаа како најнеспособна влада во светот за време на ковид-кризата, кои им издаваа пасоши на белосветски криминалци, а сега се вплеткани во светска дипломатска афера? Ама, дај не ме за…вајте.

Извинете на морбидност, јас повеќе очекувам да излезат и да кажат дека сепак поранешната власт е виновна за хоророт во Тетово. Или да ни објаснат дека луѓето во болницата и онака ќе умреле од корона, па зошто сега одговорност и оставки?
И нема мува да ги лази. Знаете зошто? Затоа што ја имаат поддршката на држава што лажеше дека влегува во Авганистан за да се бори против тероризам и да донесе демократија, а всушност замина таму, уби стотици илјади цивили за да краде опиум и литиум. Земја што измисли хемиско оружје во Ирак, па нападна, уби стотици илјади цивили за да краде нафта. Нападна и уништи земја како Либија, каде што луѓето живееја во мир и одлична економска состојба. Да не набројувам. Не гледате како земјата спонзор, нејзината изопачена моќ и однесувањето на нивните марионети и зомбија тука, совршено си се дополнуваат? И вие сакате совест, морал, правда?
Оставка, па оставка. Одговорност, па одговорност. Сте станале како оние шарени луѓенца избањати во умот што хистерично врескаа во времето на ВМРО-ДПМНЕ за сите лаги на тогашната опозиција што ви ги набројав погоре. Тие додуша тогаш не бараа оставки, туку линч, клада, колец, а бе беа подготвени и децата на Груевски да ги линчуваат само за да си го задоволат духовниот канибализам. Аман, не бидете како нив.
Па, уште ја повикувате таа интелектуална бижутерија, шарено граѓанство луѓенца да била доследна и сега, како во времето на ВМРО-ДПМНЕ, да кренеле глас. Демек да не мерат со двојни аршини. Јас не можам да ве разберам. Сакате тие хистерични деструктивни ликови навлечени на омраза спрема Македонија, да покажат образ, морал и здрав разум? Добро, нели ви е јасно за какви суштества станува збор?
Ма, не сакам збор да трошам за нив.

И уште нешто забележав. Од ден на ден, сè повеќе читам омраза во вашите зборови. Омраза спрема неморалот, бесчувствителноста, злорадоста и безумноста на моќта, власта и нивните празноглави хонорарци и апологети. Знам, веќе не се издржува, ќе ми речете, па гледаш ли што прават, ќе ме прашате. Е, добро де, сфаќам, гледам. Ама знам и дека омразата ви е најпогрешното нешто што може да го извадите од себе. Оти тие се хранат со вашата омраза. Се хранат со омраза, туѓа несреќа, трагедија што тие ја спровеле врз своите неистомисленици и политички непријатели. Тоа се духовни вампири за кои психологијата има многу интересни термини. Престанете да ги храните со вашата омраза. Во едно сум сигурен, она што тие не би можеле да го поднесат, оти робуваат на изопачени концепти, е да се молите за спасение на нивните души. Кој колку разбра, друго и немам што да ви кажам. Ама стварно престанете да барате одговорност и оставки. Нема да добиете.
Напротив, ќе ги добиете најимбецилните изговори.
Чекај да заврши истрагата. Истрагата што тие ја спроведуваат. Институциите ќе дадат одговор. А ха, а тие се институциите.
Да беа ВМРО-ДПМНЕ на власт, ќе имаше повеќе жртви и, да, ќе чекаа да заврши истрагата што сами ја спроведуваа, па ќе ве упатеа на институциите што тие го водат. Не ви звучи ова малку имбецилно? Да ви нацртам?

ТИ: Што се случи? Ќе има одговорност? Политичка? Морална? Кривична?
ВЛАСТ: Чекај, стрпи се, да заврши истрагата, институциите да дадат одговор, не е ова во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога ќе ви речеа чекај да заврши истрагата, институциите ќе дадат одговор, хахаха, а тие водат истрага, тие се институции.
Уште поглупи оправдувања ќе добиете меѓу интелектуалната бижутерија. Не е сега време за оставки. Не било времето? Што им значи тоа, побогу? Доаѓа есен? Може чекаат датум, а? Не разбирам.
Или, ВМРО го подметна пожарот. Има и такви муабети од разни шарени гревови. Или, што сте запнале за одговорност, не гледате дека Албанец спаси Македонци и Македонци спасуваа Албанци, значи соживот сме донеле. Е, овие ми се најморбидни. Додуша, најмногу ме нервираат оние што до вчера врескаа за режим и диктатура, а сега се со муабетот, не ме интересира политика, сите се исти. Па, да, сите што велат сите се исти, исто се глупи.
Е па, ај ако не, Русјаков, ВМРО да го вратиме!