Што им забранија на Македонците (2) (западните, балканските и северните нацифашисти)

884

Им забранија мајсторите на смртта на ружите во Македонија што го креваат во екстаза јунското небо поблиску до лицето на Господ, да пупат и да го отвораат венчално светот, да ги бојат со пурпур копитата на сватовските коњи и да легнуваат како Празора на градите на македонските младоженци. Им забранија на сватовите со полн галоп да ги бодињаат вранците низ полињата и шумите на исконското Име и да запеат на сет глас, да ги спотнат песните свадбарски како екстатична бура во која шумат моќно првородените води пред да ги раздвои од копното Бог. Водите што надоаѓаат како потоп, ама без давеник во нив, во бакнежот и постелата на македонските љубовници сосе сребреното рибино јато, што се множи во песокот во пустината. Риболикиот пород на Мартирското Племе и покрај тоа што мајсторите на смртта македонските венчални ружи, наместо на свадба и пред олтар, ги одведоа во мртовечница и на закоп. Ружите што ги поцрнеа како најтемна ноќ и нивната пурпурна химна од песнопојка ја преведоа во тажачка, слично на Неда пред која во мртовечки одор го сложија телото на Кузман убиен од Гегите во кое легнала целата негова татковина со сиот нејзин мартирски пород. Отпосле сатрапите што носат мрак и смрт ја активираа својата цивилизациска клада на варварството, ја ставија пепелта на народот што го убија во мртовечница и ја заклучија со Северниот катанец на смртта, специјално изработен за таа намена во нивната ковачница чиј главен мајстор е лично Маркиз де Сад.

Им забранија тие сè на Македонците. И мартирството, оти тоа е тајното злато закопано во подземјето на нивната душа, кое сосе неа го разграбаа западните сатрапи, а тоа што преостана им го подарија на балканските кербери, чувари на вратите на пеколот. Им ја забранија и Болката, која ги насели нашите прародители по падот во Едем, ама неа не ја проколна туку ја благослови Создателот како темелен камен врз кој го строиме домот на нашето Постоење. Таква, во божествена светлина, неа од почетокот ја спознаа Македонците, ја изучија нејзината трансцедентална алхемија и од неа, наместо очај и зло, создадоа Убавина, како што создаваат школките бисер што легнува на ѓерданот на Животот-Свадба, слична на онаа во Кана, во која водата станува вино. Виното кое сега цивилизацијата што ги закла Македонците го престори не во вода туку во мочка. Таква е нејзината магија што превртува сè наопаку и која не му се радува на раѓањето туку на распаѓањето и цвеќињата на злото.

Им забранија на Македонците низ клисурите на својата рана, да не ја прикажуваат пред светот и да не се фалат со неа, божем се фалбаџии тие им рекоа дека немаат право ни на тој мартирски имот спечалуван со столетија во гибел, оти и него мајсторите на смртта, западни и балкански, го зедоа за свој и уште повеќе за бескрајот го проширија него. Дотаму можеше да стигне таа рана. И сега до небо ликуваат, иако не ја сетија нејзината болка. Новите нејзини сопственици, оти е света таа, полна не со банкарско туку со венчално злато и уште е лековита како да минал низ неа на патот кон Гетсеманската градина и Голгота за да ја испие како и Македонците досудената чаша Исус. Со таа рана сатрапите западни и балкански ја лекуваат чумата на цивилизацијата додека сè повеќе се зарива нејзиниот крвнички нож, умножувајќи ѝ ја болката и качувајќи на ента степен неа. О, како да се искаже неискажливото и како да се преболи таа болка во срцето на Столечното племе невртено околу огништето на предците и прапредците, во кое гасне последната искра? Како, Боже, штом си ја престорил за него сега вселената во молк? Како да се преболи. Раната на која нејзиниот праизвор од подеми ја изнесува светлината за да ја огрее Светската ноќ. Како?

Ѝ забраниле мајсторите на смртта уште ѝ на Шехерезада во долгите несоници од 1.001 ноќ, во македонскиот случај столетија, да ја раскажува приказната за смртно ранетото, веќе убиено племе, чија судбина не може да ја исплаче ни Богородица Нерешка струполена како планина од очај над мртвото тело на Исус, таа на која ѝ се поклони и Ѓото и ја заора првата бразда на италијанската ренесанса. Шехерезада над која на влакно виси мечот на крвникот Шахријар, така како што виси сега над светот просветителскиот авангарден изум на месје Гилотен, потшепнат од инвентивниот француски Маркиз де Сад, чиј внук е Макрон. Страшниот западен изум на демократијата чие сечило ја пресече и златната глава на Македонците. Да. Ама и главата на цивилизацијата зафрлена во тињата на профитот ја мерка тој мрачен изум и наскоро и таа ќе летне, ама не како ангел, во мракот на светската ноќ. И тоа ќе биде цената на главата на Македонците. Шехерезада/Македонија, која низ долгите столетија, и покрај мечот на крвникот над неа, не само што ја раскажуваше туку и ја создаваше приказната за Златната Епоха преполна со алхемиско злато со име Култура, Свето Вино за причест и припитомување на варварите. Епохата во која никогаш, како во оваа денешната, западната, не беа спепелени Хирошима и Нагасаки, ниту се чу смртоносниот звук на Черчиловите бомбардери што го обновија во 1948-та европскиот фашизам имено во Македонија, убивајќи ги нејзините деца на Грамос и Вичо, така како што го стори тогаш тоа Ирод со децата во Витлеем, чиј крвнички нож ја бараше главата на Младенчето-Спасител родено во јаслите пред очите на светиот добиток, широко отворени од чудото. Таква беше, полна со златото на културата, македонската епоха што светеше прекрасна како мозаиците во Равена. Во неа се разменуваа и спојуваа под златен пресек Земното и Небесното според математичката алхемија на Хермес Трисмегист што го воспостави законот на космичката хармонија: „Што е горе, тоа е и долу.“ Законот што први го спознаа та и денес го почитуваат Македонците во Corpus hermeticum на духот и душата.

Им забранија сè што може да се смисли за да се изгаси искрата на светиот Дух на Македонците. Им ги забранија и соништата со кои се искачуваа тие во Зоната на Светото над лакот на виножитото на кој беше поставена трпезата на Господ за причест на народот што најмногу го возљуби него. Причест со Словото на Љубовта, Лебот и Виното на синот. А сега западните и балканските, заедно и со домашните мајстори н смртта, тешката Божја Порта за влез во нив ја заклучија девет по девет пати со Северниот Катанец на гибелта. Ја заклучија за да не можат Македонците како Длабоки Деца со митски стапки да чекорат низ Златната Епоха на своето прапостоење и да влегуваат како во четврта димензија во иднината, да се ракуваат и играат исконски оро со сè уште неродените предци застанати во Името веќе столчено ставено во мртовечката урна на цивилизацијата. Така, оти тие штотуку зачнати во бакнежите на љубовниците одбиваат да се родат со друго Име. Одбиваат не само да се родат туку и да умрат во Него.

Им забранија на Македонците уште тие темни бездушни сатрапи и да се служат како со пехар полн екстаза со ритамот на седумосминскиот такт со кој чука нивното срце и кој одвреме-навреме ги фрла во вртоглавица нив, во епилепсија посилна од онаа на Достоевски, искривувајќи ги во елипса Небесните сфери чија музика, ама со трагичен акорд, легна и во македонските балади. Музиката што песимистот Бетовен ја препозна како космичка ведрина, како и нашиот Рацин во беговите Бели мугри, и од неа ги зеде нотите за својата Ода на радоста што ја злоупотребија без негова дозвола западните нацифашисти за свои цели. Па и за да ја осветли гибелта на Македонија и Македонците. Седумосминскиот такт на македонското срце што ја крева до над ѕвездите плимата на морињата во постелата на љубовниците што го влече во луда екстаза чаршафот на Новиот Потоп, бришејќи ги дури и рабовите на постоењето и светот. Потопот за кој сега нема починка, како што ја немаше неа ни за Господ на прапочетокот застанат на работ од Претпостоењето и постоењето. Потопот за кој сега, поголем дел од претходниот на Ное, спотнат и од раната на Македонците, нема Арарат освен ако тоа не е планински врв во македонското срце на кој ќе заринка коработ на Новиот Ное откако ќе бидат свлечени во бездна Содом и Гомор на западните цивилизатори. Дури потоа ќе се повлече водата и ќе се открие копното во златен сјај, измиено од гневот и злосторството на тие што кога ќе го изустат зборот демократија ги полнат бомбардерите со смрт за цели народи.

Им забранија на Македонците тие што се фрлија во прегратката на Сатанаил, што пеат темни песни и што играат наопачки обредни ора на смртта, да го сеат семето ипостатно во Прабраздата што ја влече од искони плугот на Името. Семето во чие зрно пушта крило Ангелот и пеат химни на Спасение Отецот, Синот и Светиот Дух. Семето што раѓа богато, од кое се меле хиерогамиско брашно за Новата Тајна Вечера и за Племето што толку многу донело духовен род на овој свет, а на крајот сè му зеле. Племето на кое му забранија дури и на надгробните камења, што се заветна повелба на прамеморијата, да го врежува Името и да сонува во него во гробот сè до трубата на ангелите што ги вика за воскресение праведниците и им врачија покана за Свадбата на јагнето во Небесниот Ерусалим горе. Меѓу нив први се Македонците, оти први ја пренесоа низ Европа новозаветната штафета на Словото на Љубовта како света причест за Вавилонската ороспија. Ама таа го одби Него, одби да ја смени својата волчешка канибалистичка нарав, па, наместо со благодарност, со смрт им пресуди ним: На тие кои и во Троја на страна на Тројанците се бореа против Ахајците и Данајците за да ја одбранат љубовта од нивната мрачна нарав во која се препозна Дројзен и смртно ја засака Европа.

Европа што изгласа смрт за цело мартирско племе, кое ја пренесе низ неа новозаветната штафета на Љубовта. Ете, тоа го смислиле, сине, западните и балканските сеништа, заедно и со нашата мрачна Влада и Парламент! И што да ти раскажувам повеќе во оваа темна ноќ што легнала de profundis во нашето срце. Ама не ја слушаат западните, балканските и нашите изроди, чеда на сатаната, бурата моќна во зародок со име Армагедон во која грми веќе обновен и исцелен од раната и гласот на Македонците. Грми на сет глас музиката на елементите. И веќе може да се види јасно како се струполува во бездна, во неврат оваа развратна цивилизација што го изигра во Преспа крвавиот танц со главата на Македонците во улога на новиот Ирод и новата Саломе. Може да се види како се струполува во ништо блудницата вавилонска сега од Брисел во ликот на ѕверот што ја прогонува во Откровението на апостол Јован жената со сонце на челото. Сонцето за кое и Македонците ги гонеа и заклаа во Името.
Тоа е горчливата вистина. Што да ти кажувам понатаму, драг читателу. Оти и Блејк рече во несоница и јанѕа дека некои се раѓаат за вечна радост, а некои за вечна тага, како што се тоа Македонците. Долга бескрајна тага. Ни Шехерезада нема моќ да ја раскаже неа. Ама, како што знаеме, Исус рече на Гора дека тие што се тажни ќе бидат утешени и радосни, први ќе се фатат на орото на свадбата на јагнето горе и ќе го пуштат од пресеченото грло да плови меѓу соѕвездијата на Млечниот Пат и Големата Мечка, до Орион и Сириус крикот свадбарски на Македонците со неземна екстаза: И-и-и-их! И тоа ќе биде светлосна поплава на Вселената по западната Голгота на која по Исус европските варвари ги распнаа Македонците. О, и тие ќе пеат со вокалите на вселената и играат со тапанот и свирките на Свадбата на Јагнето тие, оти го истрпеа искушението и оти никогаш не се откажаа од Бог и Божественото, кои западните и демократски сатрапи ги фрлија на ѓубреџиите, самите ѓубриште и распаѓање. Затоа нека е благословено Името што го заклаа тие, оти ќе се врати и обнови со нова сила тоа, и неговото свадбарско И-и-и-их! Ќе ги потопи и испрати на Страшниот суд и во пеколот неговите ликвидатори. И нека биде така. Тие го заслужуваат тоа. Амин! (крај)