Чаталење и џавкање

1736

Но сега Русија кажа јасно и гласно што ќе се случува. Го стори тоа во своето обраќање претседателот Владимир Путин. За разлика од сенилната гротеска што на чудни избори го смени Доналд Трамп, кој беше прв американски претседател што по многу години не почнал војна, обраќањето на Путин изгледаше ладнокрвно, моќно и страшно. Тој кажа дека на Русија ѝ е веќе доста од закани и напади. Кажа дека ќе одговорат жестоко спрема сите следни провокации. А ако некој се дрзне да отиде подалеку, ќе се соочи со асиметричен одговор каков што не можел ни да замисли

Поранешни генерали на француската војска пишаа отворено писмо до армијата. Бараат од неа со воен удар да го симне Макрон од власт. Затоа што државата им била пред распаѓање. Споменуваат исламизација и граѓанска војна. Макрон го осуди отвореното писмо. Ама Мари Ле Пен му даде поддршка. Во меѓувреме Франција се соочи со фактот дека речиси нема здравствен систем. Народот веќе неколкупати го пали Париз на протести. Нема да биде многу интересно низ земјата на еротиката и виното во блиска иднина.
Ама не е само Франција. Секаде пука и се распаѓа. Пандемијата ја разголе Европа како неспособна, нехумана и несолидарна. И уште злобна, алчна и дволична. Особено таква се покажува Европската Унија. Секако, ние тука добро го познаваме тоа лицемерство. Но сега го чувствуваат на сопствена кожа и нејзините граѓани.
Станува збор за вакцините. ЕУ им забрани на своите членки да набавуваат руски и кинески вакцини. Од друга страна, Бајден не дава вакцини додека не се вакцинираат Американците. „Астра зенека“, пак, веќе ја забрануваат. Среќа што некои држави си имаат свои Орбани, па не ги фермаат лицемерството и неспособноста на Брисел.
Не можат да набават вакцини, ама затоа ќе се тепаат со Русија. И Европската Унија и Велика Британија. Бајден не им дава вакцини, ама тие мораат по паметот на длабоката држава. И еве ги, се топорат како мисири, се натпреваруваат кој повеќе санкции ќе воведе кон Русија. А неспособни ни сопственото буниште да го контролираат.

Патем, историјата ни покажува дека Западните Европејци можат само на помали од себе да се силат. На пример, да им дадат ќебиња со сипаници на домородни племиња. Или да ставаат Африканци во окови. Да тепаат до смрт Индијци на ненасилни протести. Патем, ги пљачкаат богатствата на оние што ги колонизираат. Тие богатства завршуваат по музеите на Европејците. За потоа да ти продаваат колку се цивилизирани.
И Бајден им се чатали на Русите. Бајден им се чатали и на Кинезите. Бајден им се чатали дури и на Турците. Ама, Илир Мета му се чатали на Бајден. Зошто е тоа така? Затоа што дури и некои политичари од сиротиот полтронски Балкан се свесни во каква состојба е Империјата. Иако е неважно што Бајден им се чатали на Русија, Кина и Турција. Добро упатените знаат дека овој чатал може да има два расплета. Едниот е да остане само на чаталење. Затоа што подгревање војна со Русија е добар дефокус од проблемите по дома, кои секојдневно се таложат. Втората разврска е погубна. Пред сè за планетата. А потоа за Америка и Европа. Втората разврска значи дека Бајден и неговата администрација ќе тргнат во војна со Русија. Иако сите се надеваме дека генералите и психијатрите ќе го спречат во таа намера.
Ама Бајден се заканува. Бајден провоцира испраќајќи војска кајшто не ѝ е местото. Па, уште се буни што Русија на своја територија распоредува војници. Со чаталот на Бајден, паралелно џавка и Британија. Тука се и оние што како жаба креваат нога за да бидат потковани. Ама па може тоа чаталење, џавкање и крекање наеднаш да стане дејство. Па, САД и џавкачите стварно да тргнат на Русија. На која на помош ќе ѝ дојде Кина. А тоа ќе значи нова светска војна. За неупатените, војна со Русија е игра во која додека слоновите се тепаат, страдаат мравките и на крајот секогаш победуваат Русите, па ти се топорат среде престолнина. Но има нешто што се случува паралелно со чаталот на Бајден.

Со крајот на месецов, Американците мора да го напуштат Авганистан. Таков договор направиле со талибанците. Стејт департментот ги повика сите американски граѓани да го напуштат Авганистан. Талибанците се закануваат дека доколку не заминат сите Американци, ќе почнат со воени дејства против нив.
Чекај сега, што е муабетов со талибанциве? Ако добро се сеќавам, пред дваесет години Американците го нападнаа и окупираа Авганистан. За да ги истребат талибанците. За да им донесат демократија на Авганистанците. Добро, има злобници што тврдат дека Америте се таму заради опиумот. Од него вадат морфиум и хероин. Морфиумот ѝ го шиткаат на фармацијата, а хероинот завршува на црниот пазар. Но тоа се злобници.
Зарем Американците не дојдоа да ги истребат талибанците? Како тоа сега договор со нив? Дали тоа значи дека Американците дваесет години не успеаја да се справат со оние што сами ги создадоа? Па, уште имаат цела мисија и партнери зад себе? И еве сега, по 20 години, талибанците им се закануваат.
А им донесоа ли демократија на Авганистанците? Каква што си имаа демократија пред да ги нападнат Советите пред Америте да ги создадат, обучат и финансираат истите овие талибанци. Ако се земе предвид дека во Авганистан и денес се каменуваат жени, затоа што талибанците сè уште се закон, тоа значи дека ништо од донесената демократија. И тука доаѓаме до Гордиевиот јазол. Ако Америка го нападна Авганистан за да ги уништи талибанците и да донесе демократија за Авганистанците, а по 20 години потпишува договор со истите тие талибанци за напуштање на државата во која уште се каменуваат жените, дали тоа значи дека најмоќната војска на светот е поразена исто како во Виетнам? И ако не успеаја да се справат со талибанците, како мислат да се тепаат со Русите?

Не знам јас како тоа они замислуваат да се тепаат и не ми е гајле. Претпоставувам, прво ќе ги испратат глупиве Европејци. А пред Европејците ќе мора да одат глупите Балканци. Нив ќе ги предводат најглупите меѓу Балканците… Нордистанците. Цинизам настрана, за мене е најважно чаталењето да не прејде во глобален масакр. Оти Русија досега или не реагираше на провокации од Западот или слабо одговараше на џавкањето. Но сега Русија кажа јасно и гласно што ќе се случува. Го стори тоа во своето обраќање претседателот Владимир Путин. За разлика од сенилната гротеска што на чудни избори го смени Доналд Трамп, кој беше прв американски претседател што по многу години не почнал војна, обраќањето на Путин изгледаше ладнокрвно, моќно и страшно. Тој кажа дека на Русија ѝ е веќе доста од закани и напади. Кажа дека ќе одговорат жестоко спрема сите следни провокации. А ако некој се дрзне да отиде подалеку, ќе се соочи со асиметричен одговор каков што не можел ни да замисли.
Споредувајќи ги хистеричната неолиберална агресија на Западот и ладнокрвното, едноставно, ама страшно предупредување на Кремљ, ми дојде на ум дека во моментов САД, ЕУ и НАТО се забегани како националсоцијалистите, но далеку помалку фанатични и организирани од нив, а Русија е многу посилна и побогата од Сталиновата советска приказна. Па, да видиме дали и ние ќе бидеме сведоци на уште една планетарна касапница.