Предизборно ноктурно – соната во Бе-мол (1)

694

(Варијација на темата македонска ситуација)

Варијации на темата македонска ситуација, и без глупавата придавка северна. Македонска ноктурно соната во варијации многу повеќе отколку што ги има Болерото на Равел како модерен архетип на оваа музичка тема. Северно ноктурно, далеку од оние прекрасни лирски ноктурна на Шопен. А дека Македонците, драг читателу, не ја прифаќаат геноцидната придавка на Заев и Димитров е несоборлив факт. Заев и Димитров македонските смртоносци, гробоносци, црноносци, чумоносци, кои според сè што направија по сè изгледа не се правени во работилницата на Господ, туку во онаа на Дарвин. Арно ама тој ги заборавил негде на скалилото на еволуцијата, најмногу онаа што се однесува на моралот и етиката, аналогни на тој план на крокодилот што јаде живи луѓе. Колку за да се потсетиме на канибалистичката изјава на сега/засега бившиот премиер (дај Боже да не се враќа назад), кој неа, заедно со својот надворешен министер и парламентарната камарила, плус додадените осуммина смртоносци, и практично ја реализира. Го изеде, со идентитетската смрт, целиот народ. Но по етничка линија само Македонците. Оти и од западните и од балканските канибалистички центри беше таков планот за совршена смрт, и со евтаназија. За нив, антихристи, невина, но страшно болна.

А дека, пак, Македонците, драг читателу, не ја прифаќаат неа веќе се јавуваат знаци на секој чекор. На изглед ситни за фашизоидната власт, ама генерички во свеста за генезата. Дојди на некој натпревар на ракометарите на Вардар и ќе се увериш во тоа. Салата „Јане Сандански“ грми како да се урива светот со извикот во огнени канонади: „Никогаш северна! Секогаш Македонија!“ Можеби и затоа некој наумил да го растури клубот, кој двапати за три години беше европски шампион и го пронесе спортски името на Македонија низ Европа. Оти и во неа има многу луѓе што се збунети од геноцидната придавка, па интуитивно го насетуваат мирисот на обновениот европски фашизам. Втор врз Македонците по Втората светска војна. Првин тоа беше случај со Черчиловите бомбардери во 1948 година, кои заедно со грчките монархофашисти ги убиваа од пеленачиња до старци Македонците, чистејќи ги од родните огништа во Егејска Македонија, и сега со идентитетскиот холокауст врз нив.

Но и со тоа не се задоволуваат западните, балканските и домашните извршни планери на македонската идентитетска смрт. Планот продолжува и со систематско физичко потиснување на Македонците за што како алатка за таа замисла главно се користат Албанците, кои од фактички, физички (2001) со амин на пеколните планери, и поддржани од нив, поминаа на политички тероризам. Без пардон. Оти еден екстрагруб и со грубо име нивен политичар отворено тврди дека Македонија е автохтона почва на Албанците. А добро е познато дека тие немаат никаква врска со Илирите. Доведени се како Геги некаде од Кавказ, пред сè и за реализатори на концептот за башибозук на разнишаната Отоманска Империја. А за нивниот терор и чистење на Македонците од Албанија има напишано цела една книга Селишчев, руски научник, славист и антрополог од светски ранг. И тоа со прецизни научни факти. Системот на тоа, пак, потиснување на Македонците, сега тука, за кое говори Селишчев активно се реализира. Првиот јак сигнал беше даден со тероризмот во 2001 г. И потоа знаеме како се одвива сè понатаму. Тоа. Ама Македонците, драг читателу, се притиснати фронтално од повеќе хиени и канибали. Тој притисок, пак, како што знаеш, е добро испланиран во пеколните, не само по Македонците, канцеларии на Пентагон и ЦИА во Вашингтон, во „длабоката држава“, како што ужива да ја именува Америка мојот пријател Русјаков. Него го олицетворуваат крајно деструктивните по Македонците трите погребни документи: Преспанскиот договор, Бугарскиот, и Тиранската платформа. Скроени со ножиците на Мефистофел од Вашингтон тие се префрлени од таму во него, без ронка тестостерон, глупаво импотентниот Брисел, а од него кај нашите домашни квислинзи Заев, Димитров и преостанатите. Беспрекорен синџир за целосна ликвидација на еден мирољубив народ со невидена историска и културно-цивилизациска меморија, од Јафет на Ное до денес. На сè тоа жив и непоткуплив сведок е Библијата, не само религиозен, туку воопшто и темелен антрополошки документ на Западната цивилизација. Но за тоа не еднаш имам пишувано, знаеш, драг читателу.

И сè почна уште од 1990 г., кога мислевме еве сме на прагот на третиот Илинден и вториот АСНОМ, ама домашните сатрапи и нив ги слистаа, а пак под менторство на западните и околните балкански сатрапи. Па, што мислиш, случајно ли не ги спомна имињата на македонските херои во националната химна онаа вообразена пејачка Тамара Тодевска во американската амбасада на Калето, што е кривично дело од прв степен. Не е случајно. Планот за понижување и стигматизација на Македонците продолжува и понатаму. Почетокот беше со она блицкриг БЈРМ на Киро Глигоров и прогласување на Македонија за граѓанска, а не за национална држава како сите други во Европа со национален суверенитет. Па следуваше исфрлање на знамето со сонцето од Кутлеш, древен македонски симбол. Оти Македонците отсекогаш ја славеле светлината, денот, а Грците чиј симбол на тој план е бувот ја славеле ноќта. За тоа говори и сјајниот старогрчки комедиограф Аристофан, а некои слични работи за европската Дројзенова фасцинација од нивниот „цивилизациски“ извор говори и непоткупливиот поет и митолог Роберт Грејвс, воленс/ноленс во својата знаменита книга „Грчки митови“. Но тоа е широка тема и за друга колумна текст. Сега сме во овој пасус на темата понижување и стигматизација на Македонците. Силен идиотски акцент на неа стави терористичката 2001 г. спонзорирана од НАТО и Западот. Во прв ред од сега неизбежните по македонската судбина Јенки, кои по оваа кратка, но трагична катаклизма уште за да нè понижат докрај терористите ни ги доведоа и во Владата и парламентот, како илустрација на врвната западна демократија, а која, таква, не ја практикуваат за нив. Дури потоа, уште по редица планирани и контролирани деструкции (Смилковско Езеро, кумановско Диво Насеље…) дојдоа, како сојузничкото искрцување во Нормандија (ебати ни ги сојузниците), трите смртоносни договори, кои беа и поздравени од некои наши недоносени „интелектуалци“, оперирани од достоинство, самопочит и срам.

Така, драг читателу, ама сега знак по знак веќе заживува отпорот што го слушаме и на натпреварите на ракометарите на Вардар: „Никогаш северна! Секогаш Македонија!“. Во тој отпор доблесно се вклопи и сјајната македонска Еврејка, ќерка на моите драги пријатели Виктор и Лиле, Рашела Мизрахи, која затоа беше разрешена од министерското место. Ја користам пригодата во оваа колумна најсрдечно да ја поздравам. Верувам дека таа длабоко интуитивно го почувствувала идентитетскиот холокауст врз Македонците, многу сличен со холокаустот на Евреите за кои нашиот/ненаш премиер Заев рече дека тоа им е наследна традиција. А не ја гледа таквата историска традиција и кај Македонците во која тој сега има, како злосторник, силно учество. А кога сме кај Рашела, Македонците имаат и една друга Рашела. Библиска. Таа што ги оплакува со космички лелек, како Марија Исус во „Свети Пантелејмон“ во Нерези, своите мртви деца во Марковиот манастир (XIV век). И таа фрескосцена е архетип на македонската трагична историска судбина. Па, ако идеме понатаму тука е и Неда на Прличев во „Сердарот“ што го оплакува Кузман убиен од Гегите, кои не се сигурни дека го убиле, па уште го доубиваат. Итн. Пласт рана, пласт болка.

Тоа и така. А ти, драг читателу, сега ме прашуваш зошто и покрај таквата силна стигматизација и понижение сепак македонскиот отпор е некако блед и слаб. Директно, без заобиколување; затоа што експериментот на пред сè вашингтонската лабораторија на темните масони и илуминати е успешен. Трпеливо беше работен цели три децении за да се доведе македонското колективно битие не во очај туку во апатија. Затоа што, добро знаат софистицираните ликвидатори дека во таков експеримент е важна апатијата, а не очајот. Меѓу нив има поларни разлики. Апатијата е мртовечка прекровка, сандак за на гробишта на оној што треба идентитетски да се ликвидира. Имено, таа психолошка состојба што се вика уште и рамнодушност кон сè, умртвување, како што би рекол Ниче, на дионизиската енергија на битието, но исто така и на аполониската, ја дава жалната слика на Македонците, кои сè уште мислат дека, удавени, потопот доаѓа за друг и седат спокојно во кафеаните, јадат ќебапчиња (гравчето го заборавија како гастроидентитет, важно е тоа) и пијат пиво. Многу поретко вино. А сето тоа е значајно за да се направи еден анемичен психоонтолошки портрет.

(продолжува)