Новогодишни јанѕи: идентитет со куршум во срцето (5)

1042

Едно е јасно, драг читателу, за нас, а тоа е враќањето на нашето гилотинирано, од модерното нацифашистичко евроамериканско „просветителство“ и од нашите изроди, генеричко Име. Со сите, дури и најрадикални расположливи средства, бидејќи таканаречената меѓународна правда и право не важат за малите и понижените. Примерот со Македонија и Македонците е крунски пример за тоа, и таа ќе сведочи евентуално на некој нов нирнбершки процес на неофашизмот, европски и светски. А на тој процес ќе одговараат и македонските изроди што учествуваа и сè уште учествуваат во геноцидниот идентитетски погром над Македонците, како и творците на слични проекти низ светот во кои треба да се вклопи и западниот суров колонијализам под претекст на цивилизацијата и создавање „стабилни системи“ (Черчил). Размислувам малку утопистички, драг читателу, како Достоевски дека „Убавината ќе го спаси светот“. Оти кај е убавината таму е и Доброто, земната и небесна Љубов (Агапе) кон ближниот и кон целото човештво. Како што ја сфаќаше и проповедаше неа всушност и Исус, а тоа беше и главната причина да биде распнат од Иродовата и Римската цивилизација, чија суровост, одбивајќи го античкиот македонски дух за сељубов и општо братство меѓу народите, го проѕре и одби западната цивилизација. Оти навистина многу кратко траеше нејзиниот хуманистички елан витал во епохата на француското просветителство. И сега во неа, иродовска, пилатовска, и нероновска по нарав, иако маскирана со божемно демократско лице, секојдневно, и не фигуративно туку вистински, се распнува веќе еднаш распнат на Голгота Исус, предаден (врвен парадокс) од „избраниот народ“. Така оваа иродовско-римска цивилизација со гордата супрематистичка придавка Западна, Него го распна и кај нас во Преспа на 17 јуни 2018 г. Тогаш со клинците што им ги врачија за ова злосторство Брисел и Вашингтон на Грците, пилатовски измивајќи си ги од крвта своите валкани раце, а сега неубедени дека е доволно распнат и мртов го дораспнуваат со помош на Бугарите. Но и тука, по сè изгледа нема да заврши таа гибел, оти има и други кандидати за дораспнување што чекаат нестрпливо во заднина, а кои исто така силно ги поддржуваат македонските „проверени“ „пријатели“, секогаш во сојуз и со нашите изроди, од Брисел и од Вашингтон. De profundis, nocturno, memento mori! До бескрај зад бескрајот!

Но ние и по таквите распетија, кои не еднаш сме ги преживеале во историјата, не треба ни сега да ѝ се предадеме на прегратката на смртта. Оти по гилотинирањето на македонскиот генерички идентитет во Преспа, ситуацијата со колективниот Македонец (неговата чистка јатка без изродите) наликува на оној џин од „Бесниот Орландо“ на Лодовико Ариосто, кој, сè уште несвесен што му се случило, се бори во жарот на битката без глава, што му е отсечена од непријателот. Ситуацијата на Македонецот по Преспа 2018 г. сега е, имено, идентична со сцената од делото на Ариосто. Иако со разлика во некои битни нијанси. Имено, Македонецот не е џин. Иако сега/засега, сè уште втонат во длабока апатија, не е ни Голијат, кој ќе излезе како нашите храбри Комити и Асномци на бојното поле со неспоредливо, иако кукавички, физички посилниот сатрап на цивилизацијата. Со знамето „Слобода или смрт“, тоа што сега ние треба неодложно да го усвоиме и развееме по она кукавичко предавање на Грците на македонско генеричко идентитетско знаме од Кутлеш (не од Вергина како што клапаат нашите интелигенти) со шеснаесетзрачното сонце што го огревало низ долги столетија и милениуми како идентитетски светлосен потоп срцето на Македонците.
Но било како било, сега кога бриселовашингтонците и домашните изроди, сојузени со околните балкански сатрапи и хиени, ги уриваат докрај темелите на нашиот генерички идентитет, треба тоа не да нè обескуражи, туку напротив да ја поттикне силно и ослободи нашата енергија за борба и бунт. Оти гледам дека оној сега најголем патриот од Муртино, кој еднаш рече дека е денес срамота да си тоа, со неговата, како што се испостави, сезнајка, царска министерка за образование Мила Царовска презема план да ја допеплоса нашата историска и идентитетска меморија со новиот образовен проект. Божем европски, според него и неговата министерка.

Оти и тој и таа и сите негови сомисленици без ум и емоција на партијата на која тој ѝ подари геноциден елан витал кон својот (иако не негов) народ, постојано ги верглаат како папагали (па и некои наши експерти, аналитичари и божемни интелектуалци, цел еден голем куп од непродуктивен смет) отрцаните до бескрај слогани „европски вредности“, „европско образование“ и сл. Но кај се тие европски вредности добро видовме јас и ти, драг читателу. А ме прашуваш, што е со европскиот образовен концепт? Може е тој исправен? Да. Според нив, исправен за нас, но не и за нив. Оти и тој по она германско и европско, со фашистички геноциден мирис, да му се најде чаре на македонското „погрешно толкување на историјата“ сè е јасно и не треба да ти дообјаснувам, драг читателу. Па зарем не виде дека на тој антицивилизациски диктат на Бриселските политбирократи да бидат судии на идентитетот на народите, им се спротивставија нашите доблесни словенски браќа со кои делиме ист идентитетски извор, Чесите и Словаците. А и како што рековме веќе, како убаво изненадување ним им се приклучи и Австрија, која во овој случај ѝ одржа вистинска демократска лекција на супрематистичката ЕУ – господарка фрау Меркел. А сè тоа пак како да не го знаат, еврослепи, оној од Муртино и Мила. А јас верував дека сепак Мила колку што е мила, убава и царска, исто толку, барам приближно, е и самостојна индивидуа, и паметна. Ама по сè изгледа дека сме се излажале во тоа и јас и ти драг читателу. Оти неколкуте силни воени и економски европски нации (Англија, Франција, Германија, Шпанија, Белгија, Холандија) не се откажале ни најмалку од својата историја, колку и да има темни гравитациски дупки таа што смукаат со својот моќен сингуларитет како космичките црни дупки цели мали народи и племиња до исчезнување. Не се лишуваат од неа и ја сметаат безобразно дури и за нивен цивилизациски влог.

Таква е всушност целата историја на нивните белосветски колонизации, која тие ja претставуваат, правејќи нè малоумни како акт на воспоставување на демократија и хуманизам во светот. Тоа, Мила. Издигни се над партискиот инженеринг на Големиот македонски инквизитор од Муртино и биди личност, кажи му не на замислениот дополнителен геноциден проект на меморијата на Македонците со твојот и неговиот „образовен“ проект. Оти, многу е поважно да си Личност, отколку министер(ка) Мила. Верувај. Не ти мислам лошо. Инаку, знам дека муртинскиот патриот, евро и амерокосмополит, „визионер“ и „интелектуалец“ од ранг, македонски Петар Велики и Кемал Ататурк сигурно ќе го спроведе и овој, како и претходните, погубен проект за Македонците, а во име на неговите папагалски повторувани „европски вредности“ и „европско образование“.
Така, а здравото, колкаво и да е тоа смалено по преспанскиот евровашингтонски погром, македонско ткиво е задолжено да даде одговор на овој нов, како што мислат темните планери, завршен удар на македонскиот генерички идентитет. И Македонски манифест, оној постариот, не новиот, размислува за тој одговор. Имено, in medias res, решението е во паралелен (не)европски образовен систем по историја (читај: по идентитетска меморија) кај нас. Ние од Манифестот тоа го имаме замислено како семејно историско образование на основците, ќелијно, во кое родителите ќе си ги учат децата, за да не бидат изманипулирани од европскиот проект на Мила и на Заев, за своето генеричко потекло, за предците и прапредците. Се разбира и за македонските голготи во кои тие се ништени сè до денес (и понатаму) од „европските вредности“ и образовни шеми од Вавилонската блудница (Цепенков), почнувајќи само во поновата историја од Берлин 1878 г. (кој и сега во истата смисла е актуелен, за жал, за нас), на пример, па потоа од европскиот кобен та најкобен Букурешки договор 1913 г., Балканските војни за целосно демолирање на македонскиот физички и идентитетски организам, сè до фашистичката европска Лисабонска декларација, а потоа со европската поддршка на албанскиот тероризам над Македонците за нивно заплашување и дотерување пред поставениот стрелечки строј до ѕид, сè до Преспа 2018 г., и понатаму, оти не се гледа крајот на таа идентитетска ликвидација на „цивилизирана“ Европа над Македонија и Македонците, каде што тие го обновија и востоличија новиот, за своја садистичка забава, римски колосеум на Нерон и на Калигула.

Добро. И прашуваш, драг читателу, на крајот без крај како ќе го реализира Манифестот за домашните и оние во дијаспората здрави Македонци паралелниот проект за историско, мемориско образование на децата Македончиња во раната возраст. Тогаш кога детската психа е, бодријаровски речено, сунѓер што ја впива во себе сликата на родот и светот како што ќе ѝ се пружи таа, како што ќе се објасни, внуши и вглоби во генетскиот код, кој не треба да се остави да закржлави и замре, да биде како атом испразнет од огнот на електроните. Оти и психоанализата, иако е тоа познато и пред неа, кажа дека формирањето на детската психа, Мила, го формира всушност до крајот на животот и возрасниот човек. Па, и мојот омилен поет, кој можеби и не е подолу од Фројд како експерт на душата Рилке вели во таа смисла, за која говориме сега ние, дека „Детството е храна на целокупната наша Поезија“. Знам дека те буни тука поимот Поезија и затоа намерно го напишав со голема буква за да се сетиш, ако ти работи, како што велат моите малешевски селани, текнувалото. Оти тоа се и кременот и тратот за да се произведе искрата и запали цигарата. Par excellence архетип за свеста, но и за натсвеста, како што би рекол Јунг, која го буди генеричкото сеќавање за личниот и колективниот идентитет, но воопшто и сеќавањето за идентитетот на светот од биг-бенгот па натаму до бескрај. Тоа, а јас и ти Мила со оној од Муртино, за кого не сум сигурен дека прочитал макар една книга само, го кроиме „европското“ образование за жалните Македонци и Македончиња сега обележени од Брисел и од Вашингтон со Давидовата жолта ѕвезда што јa носеа Евреите во епохата на Хитлеровата Европа. И пак, не знам по кој пат на усните ми е прекрасниот меѓу Германците, Германецот Томас Ман: „Хитлер е победен, но не и фашизмот“.

Идентитетската ликвидација на Македонија и Македонците е крунска потврда за тоа, Мила. Дали мирно заспиваш, или си во несоница, за тебе, за твојот род и твоите деца, ако ги имаш веќе, ако не кога по Господова волја ќе ги добиеш? И, знај, пренеси му го тоа и на твојот ментор од Муртино дека Македонски манифест веќе готви учебник по историја, кој не е европски туку македонски, кој ќе биде распространет во македонските семејства, и на интернет, како одбрана на генеричката македонска меморија што се урива и ништи со перфидни измами секидневно. Се разбира, пак, во тој учебник нема да бидат заобиколени европските геноцидни потфати за физичко и идентитетско ништење на Македонците, оти од таа вистина се плаши вавилонската блудница, ако не ти е јасно Мила со царско презиме. А ние имаме право на тој паралелизам, обратен од твојот, на Заев и бриселската блудница. И никој не може да ни го забрани тоа. Оти, не знам дали знаеш дека твојот ментор од Муртино е најголемиот македонски злосторник во целокупната македонска неколкумилениумска историја, од најмладиот син на Ное, како што сведочи Светото писмо за Македонците, до денес. Оти кога би се судел тој за тоа злосторство, сигурно е дека, ако се потпреме на религиската филозофија на Индуистичкиот кармизам, нему ќе му требаат барем најмалку илјада повторени животи, и пак се малку, за да го доотплати него. Сe разбира, драг читателу, како што знаеш заедно и со неговиот палеолитски министер Димитров, како и со сите македонски квислинзи (рамковните ги исклучувам од тој грев). Од парламентарната сурија што гласаше за Преспанскиот договор, плус купените осум црни души за финализирање на таа цел. Тоа. Мила, ти посветив и преголемо внимание, а со намера да ја запалам искрата на твојата идентитетска личност. Со најдобра намера.
Тоа. А ние завршивме со долгата колумна, драг читателу. Ти благодарам за трпеливоста со божествено потекло. А крајот-бескрај на колумната ќе го завршиме со една убава престилизација на лозинката на пролетерската револуција што ја бркаат од светската сцена НАТО и корона-вирусот, а што гласи „Смрт на фашизмот, слобода на народот“, која сега во трауматичната и трагична македонска ситуација е „Смрт на фашизмот, слобода на Македонците“. Моите срдечни бескрајни поздрави до тебе до следната колумна, за која не сум сигурен дека пак нема да биде долга, како што е всушност долга и македонската мартирска судбина, драг читателу.

(крај)