ЕУ ќе нè храни, НАТО ќе нè брани и сите ќе бидеме богати без недостатоци и мани

Цинизмот настрана, од што се забегани и деструктивни, подготвени се да си играат и со животите на децата. Ако муабетов со вакциниве им е морбидно бездушен, злоупотребата на македонскиот јазик им е катастрофично глупа. Демек, по договорот со Грција македонскиот јазик ќе бил признаен во светот. А македонскиот јазик со децении признаен низ светот

Започна инквизицискиот, политичко-полициски монтиран судски процес против македонските патриоти, уставобранителите. Оние што преку злосторничко здружување го урнаа македонскиот уставен поредок и секојдневно сè повеќе го уриваат, ги судат луѓето што го бранеа истиот тој Устав. Слободата на говор и демократијата се прогласени за тероризам додека по улиците шета ослободениот криминал. Со овој судски процес за настаните од 27 април, Македонија е вратена во мрачниот среден век.

Блажени се гонетите заради правда, зашто нивно е царството небесно, беседеше нашиот Господ Исус Христос. Но безумните што со злорадост ги гонат уставобранителите не можат да ги разберат божјите зборови. Оти тие и Бога го мразат. Во нив е влезен безумниот дух на Кајафа. Реалноста е таа, сеедно колку изопачената моќ се обидува да го смени тоа насила. Од една страна ги имаме невино затвораните, прогонуваните и малтретираните, во чии срца е забележан патот на илинденците и асномците како кај секој Македонец и ќе бидат запишани во македонската историја како новите херои, од друга страна ги имаме гонителите, кои мразат сè што е македонско и во моментов одработуваат ликвидирање на Македонија и нејзиниот вековен идентитет,

Се зборува дека пресудите веќе се напишани. Во прилог на овие тврдења е и судската фарса што стави триесет и кусур рочишта што ќе се одвиваат секој ден, нешто невидено во судската практика. Но оние што сакаат да ја погребаат Македонија ниту се ниту ќе бидат вечни. И покрај сета нивна моќ и малтретирања, македонскиот народ веќе ги изговара имињата на уставобранителите со восхит и почит. Да, да, секоја генерација Македонци си имаат свои херои. И тие го ставаат својот белег на времето.
А времево деновиве спарно, политички спарно. Владата фура референдумска кампања. А не смее да го прави тоа, забрането ѝ е со закон.

Не смее да троши буџетски пари за да ги убедува граѓаните дали да гласаат или не гласаат на референдум, затоа што тоа е исто како да земе на следните избори да си ја финансира кампањата со пари на даночните обврзници. И Венецијанската комисија ѝ го забранува тоа. Е, ама СДСМ се држи до европските вредности и правила само кога му се потребни да ги злоупотреби. Кога не им одат во прилог, го покажуваат своето вистинско нецивилизирано племенско или секташко лице, како сакате. Затоа, спротивно на Ида Протуѓер, подобро е да останам цивилизиран Македонец, отколку северноцрпнато варварско племе без идентитет.

Како и да е, иако не смее по закон, власта почна со финансирање на кампањата. И бидејќи станува збор за деструктивци, а не креативци, кампањата им е глупа и морбидна. Ете, на пример ни се пофалија дека ги вакцинираат децата со неквалитетни вакцини. Демек, ако влеземе во ЕУ и во НАТО, само тогаш ќе имаме најквалитетни вакцини. По нивната безумна логика, Исланд и Швајцарија си ги бодат децата којзнае со какви отрови. Цинизмот настрана, од што се забегани и деструктивни, подготвени се да си играат и со животите на децата. Ако муабетов со вакциниве им е морбидно бездушен, злоупотребата на македонскиот јазик им е катастрофично глупа. Демек, по договорот со Грција македонскиот јазик ќе бил признаен во светот. А македонскиот јазик со децении признаен низ светот. Ене им ги катедрите по македонски јазик од Русија, преку Европа, до американскиот континент. Затоа, да не останат сами среде морбидноста и глупоста на нивната незаконска кампања за неуставниот референдум, еве им и од мене неколку предлози за понатамошна пропаганда.

1. Со прифаќањето на договорот со Грција, комарците повеќе нема да ви прават реденки.
2. Ако го прифатите грчкиот договор на Заев и Ципрас, ќе стекнете и етичко образование, односно ќе станете толку фини што ќе им се извинувате на соседите и затоа што дишете.
3. Со договорот со Грција, втората страна се избори за правото да продолжи во зима да витка сарма.
4. Ако го прифатите наци-договорот, северноцрпнатата хунта нема веќе да ги вработува на државна цицка своите золви, баџанаци, швалерки, братучеди и фризерки, затоа што ќе влеземе во ЕУ, НАТО и НАСА и тие сите до еден таму ќе се вработат како врвни експерти.
5. Кога ќе влеземе во ЕУ и НАТО, и осиромашениот ураниум ќе се збогати.
6. Ако излезете на референдум и гласате ЗА, како членка на НАТО ќе ја бомбардираме Венецијанската комисија со збогатен ураниум.
7. Со влегување во ЕУ и НАТО, копиљаците ќе имаат поквалитетен хероин за вакцинирање.
8. Кога ќе влеземе во ЕУ и НАТО, Владата нема да троши веќе буџетски средства што по закон не смее да ги троши, туку сите заедно тогаш ќе ги трошиме буџетските средства на НАСА.
9. Со влез во ЕУ и НАТО, невиност нема да се губи, туку ќе се наоѓа.
10. Кога ќе влеземе во ЕУ и НАТО, и вие ќе станете генијални иноватори како оние од СДСМ, па и вие ќе лапате милионски тендери.
11. Со договорот со Грција на втората страна ќе ѝ биде дозволено, рамо до рамо со другите земји на ЕУ, гордо да издвојува пари за долговите на првата страна.
12. Ако го поддржите договорот со Грција, ЕУ ќе ве храни, НАТО ќе ве брани и сите ќе бидеме богати, без недостатоци и мани.

Ете, вака некако им звучи кампањата што не смеат да ја финансираат со парите на македонските даночни обврзници. Затоа ќе ги бојкотираме. Сеедно што се закануваат дека доколку референдумот нема цензус, тие ќе си ја истерале промената на името во Собранието. Толку многу се опиени од моќта и поддршката на изопачената светска моќ што ја добиваат, па влегуваат од криминал во криминал, од неуставно во противуставно дејствување, ама пак и сите нивни кривични дела не застаруваат така брзо, особено оние против македонскиот Устав, суверенитет и народ. Наше е да го бојкотираме референдумот, оти според Венецијанската комисија тоа значи дека така сме легитимно против незаконски поставеното прашање, односно три прашања што не смеат да се три. Без разлика на тортурата, притисоците и прогоните што ќе следуваат, оти гледаме дека овие поинаку не знаат.