Драга, ги смалив Македонците!

5661

Амбасадорот во заминување ја испеа својата лебедова песна. Веројатно му останува уште да ја повлече рачката на референдумската гилотина, но пред тоа, горе од Калето, ни испрати порака. На сите. По ова, за мене Бејли не е само суров професионалец. Има во него цинизам, црн хумор, диогенска интелигенција. Ги собра сите на едно место. Уште ги натера да му дојдат во фармерки

„А јас, пак, ви велам: љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат“
Исус Христос

Овие зборови се последното скалило за наше целосно приближување кон Бога, кога нашата душа ќе стане повторно совршена, а ние ќе се обожиме, оти по божји образ сме создадени. И најзакоравениот атеист знае дека доколку оваа заповед секој од нас индивидуално ја прими во срцето и почне искрено да ја живее, тогаш нашиот свет ќе стане сосема поинакво место за живеење. Јас лично сум светлосни години далеку од ова. Мојата падната и гревовна душа, опседната со страсти, умее да ја распознае совршената светлина на господовите зборови, ама беден и ништожен каков што сум тешко ми е искрено да ја сместам во сопственото срце. Но, можеби уште сум далеку да го љубам непријателот, ама знам дека умеам да го почитувам.

Џес Бејли ме воодушеви и восхити истовремено. Тоа што тој го направи вечерта пред 4 јули, за мене претставува чин достоен за секоја почит. Не дека јас и претходно не сум го почитувал непријателот што ги претставува интересите на господарите на моќта. Уште со самото негово пристигнување во Македонија, беше јасно дека не станува збор за обичен дипломат. Фактот дека ни пристигна од Турција веднаш по настаните на Таксим не е никаква случајност, затоа што моќта не познава случајности. Убеден сум дека ги поминал сите обуки на Ленгли, Таксим му беше генералка пред големата играрија смислена за Македонија. Негова задача беше и сè уште е, да го менаџира политичкиот инженеринг на македонското општество, кој треба да доведе до трајно бришење на Македонија и на Македонците од историјата на постоењето преку промена на името и укинување на македонскиот идентитет за да бидеме внесени во НАТО со што ќе се затвори балканската геополитичка војна со Русија, но и вековната тенденција на големите светски сили за трајно затворање на македонското прашање преку наше убиство. Па, така, човекот на „длабоката држава“ и глобалистичкиот светски поредок одлично ја извршува задачата што му е доделена. За нецели три години тој го преврте општеството наопаку. Октроира власт по сопствен терк.

Ги направи поданици со подвиени ’рбети сите политички структури и фигури во државава. Заклучувајќи дека медиумската сфера во Македонија е секогаш подготвена да см’кне гаќи за грст долари, за смешни пари го доби сиот медиумски простор на своја страна. Ги проѕре интелектуалната бижутерија, лажната авангарда, самобендисаните „мејнстрим“ новинари и злорадосните хистерици, кои себе се сметаат за опинион мејкери, сфати дека се лесно поткупливи за смешни пари и ги направи свои активисти, здивени пци што треба да сатанизираат неистомисленици.
Состави парламентарно мнозинство на безрбетници и среброљупци, но и оние што демек се опозиција со половина задник седат на неговиот стол. Сто проценти сум убеден дека тој е автор на сценариото од 27 април, но и изборот кои уметници да страдаат во полициско политичка монтирана тортура за да се внесе страв во коски кај патриотски расположените Македонци. Во негови раце се законодавната, извршната и судската власт. По рецептот на јужноамериканските диктатури за први луѓе на својот генетички модифициран протекторат ги стави Зоран Заев и Катица Јанева. Веќе ви напишав, господарите на моќта не познаваат случајности, па така, нека ми прости Господ, ама не е случајно што Заев и Јанева, заедно имаат помал коефициент на интелигенција отколку бројот на чевли што ги носи Бејли. Зарем чесни, квалитетни и високоморални луѓе би одработиле безумен проект за бришење на сопствената држава, народ и идентитет?

Запаметете, господарите на моќта не сакаат случајности, туку почитуваат симболи. Да не мислите дека е случајно што се поклопува денот (27 април) кога Заев не ги призна изборните резултати и кога се пееше химна на туѓа држава во Собранието, се случи уривање на уставниот поредок преку злосторничко здружување на новото парламентарно мнозинство и се изгласа нелегитимен спикер со 59 гласа, а без записник и процедура? Да не мислите дека случајно се поклопуваат датумите на почеток на егзодусот на Македонците во Егејска Македонија и потпишувањето на нацистичкиот Преспански договор преку кој егзодусот ќе заврши како идентитетски геноцид? Нема случајности, туку симболика.
Токму таков, маестрален симболизам има и во последнава прослава на 4 јули. Амбасадорот во заминување ја испеа својата лебедова песна. Веројатно му останува уште да ја повлече рачката на референдумската гилотина, но пред тоа, горе од Калето, ни испрати порака. На сите. По ова, за мене Бејли не е само суров професионалец. Има во него цинизам, црн хумор, диогенска интелигенција. Ги собра сите на едно место. Уште ги натера да му дојдат во фармерки. Насекаде обеси да висат, исто така фармерки. О, Боже, каква гротеска. Фармерките се облека на тексашките фармери и кравари (каубои). Па, така, големиот фармер ги отвори вратите на своето трло и го собра стадото. Оние што демек јавно се удираат со роговите, заедно пред фармерот мавтаат со опашките. Џес Бејли добро знае дека никој од нив не го сака искрено, ако му јадат трева од рака, му ласкаат, јавно му искажуваат восхит, тој знае дека станува збор за чисто лицемерство.

Едни му се плашат поради сопствените валканици, други му се тресат зашто поданички ја обожаваат моќта, трети му се лигават зашто од него очекуваат пари и ништо друго, ама никој искрено не го почитува. Тој тоа добро го знае и затоа ги облече во џинс, да знаат кој е фармер, а кој има ѕвонец околу вратот, па им обеси уште фармерки, за да се види кој е соблечениот, со см’кнати панталони, спремен да свие ’рбет за да се подаде. Му ја гледам насмевката на фотографиите, неговото лице, кое е комбинација на Џокер од стриповите за „Бетмен“ и актерот Рик Моранис, познат по хитот „Драга ги смалив децата“, има линија на тага и гадење кон она што го опкружува, перверзијата на полтронството, оти Американците во суштина се големи патриоти, а ваму, околу него е собрано лицемерството на поданичкиот менталитет, изопачената пристојност на политичките непријатели, сите заедно подготвени да ги погребат својата држава и народ и сето тоа за грам удобност и доза моќ. Но, Бејли и нам ни праќа порака. Јас не верувам дека тој интимно ја мрази Македонија, тоа што мора ладнокрвно да ја ликвидира е одработување на задачата добиена од господарите на моќта. Затоа пред да си оди ни ја става на едно место сета поданичка македонска елита, еве ви ги Македонци оние што се подготвени да се церекаат и да одработуваат за да ве снема засекогаш, еве ви ги на едно место оние што доброволно ќе ве понесат на губилиште, јас сум само странец, но овие тука… вашиве… видете си ги и добро запаметете со кого си имате работа, оти јас ќе си одам, ама тие ќе ви останат.