Деветти мај, три во едно

3365

Октроираната власт го остварува сценариото на изопачената моќ: укнување на Република Македонија и на македонскиот идентитет преку промена на името, укинување за севкупна употреба. Ќе се отвора устав, ќе се менуваат учебници по историја, најверојатно и топоними низ татковината.
Останува уште Грција да побара секој Македонец да потпише договор дека си ја продава душата, а нашиве квислинзи да прифатат

ЈАС: Ало, Зоки, ми текна! Па јас не можам да врзам крај со крај.
ЗОКИ: Ами како не можеш да врзеш кога јас животот го донесе?
ЈАС: Јас крај со крај не можев да врзам и пред тоа. Ти се јавив да ти кажам дека добро го познавам реонот на преспанско Коњско.
Е сега, ем не можам да врзам крај со крај, ем добро го познавам реонот на Коњско, па можам да ти бидам советник за копита.
ЗОКИ: Ами Зоки е слушнал за копита, ама не те разбира сега.
ЈАС: Каде Коњско, таму и копита. Па си велам да ме ставиш советник за копита, зашто во Влада ги има бајаги. Сдсмовски копита. Вмроовски копита. Удбашки копита. Шарени копита. Копита учки. Со 500 евра плата, топ сум.

Да не беше вистинито, може и ќе се смеевме. Но, во циркусот Македонија веќе сè стана возможно. Налудничавото е крајно логично, а логичното изгледа бесмислено. Терористи се на власт, на функции, стануваат советници, а врвни уметници и патриоти, кои никогаш не посегнале по насилство, се обвинети за тероризам. Прекршители на устав и закон се прогласени за реформатори, но оние што застануваат во одбрана на унитарноста и идентитетските прашања се гонат како последни злосторници. Безумноста се велича како приоритет, а мудроста се распнува ѕверски. Амбасадори нè раководат како да сме протекторат, а власта и опозицијата се натпреваруваат кој повеќе ќе ја урниса државата. Се амнестираат партиски криминалци за да се ослободи место во затворите за оние што ќе кренат глас против промена на името и македонскиот идентитет. Лаги, манипулации и цензура се прогласени за слобода на говор, а аргументирана критика и вистина се под полициски и судски притисок. И не само тоа.

Октроираната власт го остварува сценариото на изопачената моќ: укнување на Република Македонија и на македонскиот идентитет преку промена на името, укинување за севкупна употреба. Ќе се отвора устав, ќе се менуваат учебници по историја, најверојатно и топоними низ татковината. Останува уште Грција да побара секој Македонец да потпише договор дека си ја продава душата, а нашиве квислинзи да прифатат. На Бугарите им ја дадовме историјата, ќе славиме заедно празници што не се нивни, ама и ќе го порекнеме фактот дека за време на Втората светска војна биле фашистички окупатор. Се откажавме од АСНОМ, од темелот на нашата државност. Се изгласа неуставна двојазичност со која го отворивме патот кон федерализација и поделба на Македонија. Во ваква атмосфера на безумие го дочекавме 9 Мај, Денот на победата над фашизмот. Или Ден на Европската Унија. Или две години од терористичкиот напад во Куманово. Ќе се обидам да ги разгледам трите аспекти на овој ден.

Во ваква атмосфера на безумие го дочекавме 9 Мај, Денот на победата над фашизмот. Или Ден на Европската Унија. Или две години од терористичкиот напад во Куманово. Ќе се обидам да ги разгледам трите аспекти на овој ден. Ден на победата над фашизмот. Какво само перверзно повторување на историјата

Ден на победата над фашизмот. Какво само перверзно повторување на историјата. Македонија во 1941 година окупирана од Германија, Италија, Бугарија и од албанските балисти. Но и Беломорска Македонија тероризирана и под геноцид на грчките монархофашисти и британската напалм-авијација. Денес, речиси осумдесет години подоцна, Македонија е под политички терор и уцена од истите тие. Грција бара да си го смениме името и да се откажеме од македонскиот идентитет. Бугарија ни ги сака историјата, коренот и потеклото. Преку тиранската платформа Албанија се меша во уставниот поредок на Македонија за идна федерализација, но и земање дел од територија. Во специјалната војна против нас, која официјално почна на 27 април 2014 година, а сè уште трае, рушителите на државноста имаа директна логистика кај италијанскиот премиер. И сето тоа одобрено од Европската Унија каде што најсилни членки се Германија и до скоро Британија. Тука ја имаме и „длабоката држава“ на САД, симболично речено Четвртиот Рајх, наследници на Хитлеровиот милитаристички нацизам. И тогаш, и сега, за нив не постоеја Македонија и македонскиот народ, и тогаш, и сега сакаат да ги ликвидираат во гасната комора на битисувањето. И со поголем дел Македонци е исто. Претпоставувам дека во 1941-та најчести оправдувања биле, видете, укинувањето на Македонија и поделбата нејзина е веќе договорена работа, а бе нацистите се моќни, кои сме ние да се бунтуваме, подобро да си молчам да си ги гледам својата работа и семејство, ма не им верувам ни на илинденци, ни на партизани, е голема работа ако станам Бугарин, еве ми понудија 500 лева плата, нацизмот е низ цела Европа, а ние сме дел од Европа, логично е и ние да се интегрираме нацистички. Истите оправдувања и тогаш и сега со таа разлика што тогаш имало херои подготвени да се жртвуваат за слободата, а денес повеќето се саможивници подготвени да ја жртвуваат туѓата слобода на самоидентификување за да ги наполнат своите стомаци, да ги сместат во удобност своите задници.

Ден на Европската Унија. Гореспоменатата перверзија полека станува гротеска. Погледнете ги членките на Европската Унија! Речиси сите до една беа фашистички држави, од Финска до Бугарија. Ниту една од нив не се ослободи сама. Единствено Велика Британија, доскорешната членка на Унијата, како антифашистичка сила се судри со Хитлеровата армија. Но тоа траеше само четири години, веднаш потоа Англичаните застанаа зад грчките монархофашисти. Денес Европската Унија е колепка на повампирениот нацифашизам. Најдобар пример за тоа е идентитетскиот геноцид што сакаат да го спроведат врз Македонија и врз Македонците преку политички терор, најави за дестабилизација, уцени и закани. Оттука, јасно е зошто тие негуваат страв и одвратност кон Денот на победата над фашизмот, па мораа да го преименуваат празникот и полека, полека новите генерации да заборават на антифашистичката борба.

Две години по терористичкиот напад во Куманово. Наместо поклон доземи, вечна благодарност и бенефиции за семејствата на загинатите полицајци, зашто спречија македонски „Батаклан“, премиерот Заев го постави командант Хоџа за советник во Владата, инаку човек што по настаните во Диво Насеље изјави дека се радува на смртта на бранителите бидејќи била убиена една десеттина од полициската единица. Среде овој кошмар на јаве исткаен од изопачено безумие, нема да ме чуди ако утре Заев изјави дека Диво Насеље било реформа за кратење на администрацијата. И потоа Могерини да стави европско знаменце на терористичкиот акт.