Датумот што ќе апси криминалци

6877

Женска уста се затвора со бакнеж. Тоа одамна го знам. Највкусно е така. Велиш мизогинија, шовинизам, сексизам и феминизам. Да ти кажам нешто. Мизогинија се раѓа од неприфаќање на бројот сантиметри на сопствениот полов орган, па мислиш жени ти се виновни. Шовинизмот е покомплексен

Ова го ставив во четвртокот на Фејсбук: „Ние долго ги очекувавме овие бомби, затоа што беа долго најавувани како бум. Но ништо суштинско нема во бомбите“ – правна застапничка на родителите на убиените деца кај Смилковско Езеро по презентацијата на „бомби“ во новото ријалити шоу на турбофолк-обвинителката Фетаи. Јас имам само две прашања.
До кога ќе им ги убивате децата?
Ќе ги оставите ли веќе еднаш да си ги исплачат душите?
Ни збор веќе нема да напишам на оваа тема. Јас имам почит спрема ужасот во кој живеат тие родители. А вие со сите сили брцате отровни ножеви во месото на тој ужас.

Во меѓувреме се јави агентот на ЦИА, Никола Димитров. Рече дека по добивањето датум ќе се фателе во костец со криминалците. Зошто им е датумот за такво нешто? Да не има во него некакви шерлохумсовски моќи? Или џемсбондовски шарм? Датумот со дозвола за убивање. Датумот со златен пиштол. Само двапати се живее… за датум. Што, зарем без датум не може да се бори државата против криминал? Еве, да ви ја олеснам работата. Почнете од мене. Оти според вашите критериуми, јас сум гаден криминалец. И злосторник, секако. Идеолошки сум антиглобалист. Ги поддржувам суверенистите што вие ги нарекувате националисти. Што е само по себе злосторство, нели? Стојам на страната на Владимир Путин, Матео Салвин, Виктор Орбан. А тоа е криминал, така? Евроскептик сум. Ги презирам Обединетите нации, Европската Унија и НАТО. Од дното на срцево. Ќе објаснам и зошто. ООН падна на цивилизацискиот тест заради Македонија. Се посра на сопствената повелба. Го поплука правото на самоидентификување. Ни го прогласи името за безбедносен проблем. Ја отвори Пандорината кутија на злото. За Европската Унија да не зборувам. Во 1992 година ја донесе Лисабонската декларација. А во неа пишува дека држава со име Република Македонија не смее да има. Баш ми е гајле што Грција барала такво нешто. Унијата е таа што ја донесе декларацијата. А тоа е нацизам. Идентитетски геноцид. Јас презирам нацисти. НАТО го презирам во неговата суштина. Затоа што презирам терор. А НАТО спроведува терор и окупации. Истребува цивили и киднапира држави. Пљачкосува и злоупотребува. Тоа што се однесува до надворешниот свет. Само од овој мој исказ имате доказ за мојот криминален и злосторнички дух. Можете веднаш да го апсите телово. Оти со духот тешко ќе ви оди. Ама јас, според вашите темногледи, сум злосторник и криминалец и на домашен план. Еве ви го исказот. Не ви ја признавам власта. Вие сте незаконски октроирани. Жими 27 април! Ниту една ваша одлука не е легитимна. Напротив, за мене е кривично дело. И нацистичкиот договор од Преспа не го признавам. Затоа што е нацистички, секако. Противзаконски и неуставен. А најважно, отфрлен од граѓаните на референдум. Тоа што си го изгласавте во Собрание, мене воопшто не ме допира. Политички рекет, уцени и закани, СЈО и ОЈО како институции за изнудување гласови, балканските методи на Хан… ете, тоа е вашето мнозинство за промена на име. Јас не го признавам тоа. Значи не ја признавам ни вашата северна, нацистичка зомби-творба. Ниту тиранската платформа, ниту договорот со Бугарија. И тие се дел од идентитетскиот геноцид врз Македонците. Тука нема да се занимавам со економската катастрофичност, аферата „Рекет“, киднапираното судство. За мене е важно она горенаведеното. Поради тоа јас ништо ваше не признавам. За оние 200, 300, 400 илјади евра што сум ги зел од минатата власт, распрашајте се кај шарените луѓенца. Тие ми ги открија, па веројатно тие знаат каде се. Но целово мое признание веројатно е сосема доволно да бидам прогласен за злосторник и криминалец. Сосема доволно за апсење, притворање и пресуда. Не дека не е правено досега. Ене ги пресудите од 27 април. А за да ни ви падне обвинението, како што ви се случи тоа во Шведска, најдобро е уште во притвор да се отрујам од нешто или да се удавам во кофа. Европската Унија ќе ви пише блескав извештај за тоа како се справувате со нас криминалците. Ќе ве поттикне да отворите логори. Западните амбасадори ќе ви аплаудираат. Ќе ве охрабрат да продолжите. Така ќе можете да се справите со сите вакви како мене.
Русјаков!

Ти мора да се појавиш, а?
Конечно си призна дека си криминалец.
И во нацистичка Германија, Евреите биле третирани како криминалци.
Што сакаш да кажеш?
Што сакав да кажам, кажав. Глупо е да се уфрлаш на крај од колумна без да го прочиташ напишаното.
Ајде, ајде, се занимаваш со глупости, наместо да рипнеш во одбрана на жените.
Јас сум најчесто во друштво на одбрани жени.
Реков во одбрана. Да крикнеш против мизогинија, шовинизам и сексизам. Да застанеш во одбрана на феминизмот.

Женска уста се затвора со бакнеж. Тоа одамна го знам. Највкусно е така. Велиш мизогинија, шовинизам, сексизам и феминизам. Да ти кажам нешто. Мизогинија се раѓа од неприфаќање на бројот сантиметри на сопствениот полов орган, па мислиш жени ти се виновни. Шовинизмот е покомплексен. Започнува со омраза кон нешто одредено, а завршува со омраза кон туѓ или сопствен идентитет. Зашто самиот го немаш. Сексизмот е чудна појава. Најчесто е поврзана со жените. Иако има ретки случаи кога е поврзан со мажи. Оди приближно вака. Почнува со разголено позирање, а завршува со врескање кон оние што го коментираат голото тело. Или со два часа губење пред огледало за да се истакне физичката убавина, за да заврши со негодување, кое гласи „ти само ме гледаш како изгледам“. Феминизмот, пак, има своја историја. Некогаш беше борба. Денес најчесто е поза. Феминистката порано се жртвуваше себеси за добро на другите. Денес е самохрана мајка без деца.
РУСЈАКОВ!!!
Не се дери!
Па, ти си пострашен од Миленко, Златев и Стоилковски заедно.
Што е проблемот кај нив?
Говор на омраза.
А Тричковски?
Тоа е слобода на говор.