Вознемирувачки безобразна и неверојатно блес(к)ава колумна

4343

Јас искрено сум сит, море презаситен веќе од планетарни кошмари. Особено затоа што еден од тие кошмари падна и врз нас и никако да се разбудиме од него. Кошмарите со Фреди Кругер, кои ме плашеа во детството, сега ми изгледаат како детски приказни во споредба со реалноста

Секс… Хмм, може… Секс со мајки… Интересно… И возбудливо…
Русјаков! Што правиш?
Ништо особено. Размислувам за секс со мајки. Знаеш, порножанр. МИЛФ. Скратеница за оној момент кога сакаш да имаш секс со нечија мајка. Си слушнал за тој жанр, така?
Си реков, да не провоцираш нешто на политичка основа.
Ма, јок. Само си размислувам на кого попрво да фатам да му онадам мајка во колумнава.
Ете, знаев. Ѓубре едно антиблескаво. Мегафон на опозицијата. Ајде, признај, кај тебе ли заврши ташната „луј витон“?
Зошто сега веднаш така негативно? Онадење туѓи мајки е баш демократски, прогресивно, цивилизирано и европски. Еве, Европската Унија секојдневно ни ја онади мајка Македонија, а ние толку уживаме да го гледаме тој опасен секс што сами ѝ менуваме пози. За на ЕУ да не ѝ досади онадењето. Ама Унијата пристојна и културна. Не ја онади мајка Македонија онака на отворено. Прво најџентлменски ја покрива со ќебиња. Што е пак малку конзервативно, зашто лезбејски секс е прогресивна работа. Оти ЕУ е нели, сексипил лејди, па кога она ја онади мајка Македонија тоа му доаѓа како лезбејска афера. Има само еден проблем. Не знаеме кога Унијава ќе се засити од сексот што ѝ го спроведува на мајка Македонија. Се знае ли бре тој факинг датум кога еднаш конечно ќе сврши? Еве, Жбогар вели дека тој датум да ти мирисал во воздухот. И ние сега како мрднати шмркаме низ воздухот барајќи траги од датумот кога ЕУ ќе престане да ни ја онади мајка Македонија и конечно ќе ни сврши в лице блескава иднина. Оти нас тука, нашиве „санс оф а бичес“, нонстоп нешто нè лажат со тој датум на свршување. Те, еве го датумот кога ЕУ ќе сврши пред референдум, те еве го датумот по референдум, па еве датум на Телма, па еве датум пред избори, кога наеднаш, главниов европски мадафака ни вика, мирисал во воздухот.
Ама кога конечно ќе свршиш, стенка мајка Македонија.
Еве, наскоро, бревта ЕУ, само ти малку поработи со јазикот.
Со јазикот? Па досега ти го…
Добро де, не мора со јазикот. Поработи… на јазикот.
И, ете, сега мајка Македонија малку ќе поработи на јазикот со Бугарија или со јазикот на Бугарија, како веќе и да е правилно, оти токму таа Бугарија ни ја накачија како нов партнер што сака да ни онади мајка. Откако Грција сврши. Па и Тирана сврши. Гарант и Бугарија ќе сврши. Само ЕУ никако да се произнесе со својот датум на свршување.
Русјаков!!! Не знаев дека си толку перверзен, одвратен и гаден.
Да бе, јас перверзен, одвратен и гаден, а они силуваат. Добро, ај нема веќе да зборувам за брутален меѓународен секс, туку за домашна љубов.
Што ти е тоа?
Па домашна љубов е кога чичко Зоќи ја онади мама, дада Нина му ја намали платата на тате, тетин Венко нè не пушта да излеземе од дома, за да ја посведочиме таа љубов, сѐ додека чичко Оли не нè изнесе на избори. А изборот е еден. Македонија нема друга алтернатива, освен да биде онадена до непрепознавање. Ама па тренди е да не те препознаат и да се израдуваат кога ќе сконтаат дека си ти, иако веќе не си ти.

Па, нормално дека не ме разбираш. Затоа што јас упорно пишувам на македонски, а тој јазик не постои. Да пишував западнобугарски дијалект сигурно ќе ме разбереше.
Затоа подобро да се вратиме на сексот, оти неговата граматика е универзална и да фатиме конечно да правиме деца

Јас сега не те разбирам.
Па, нормално дека не ме разбираш. Затоа што јас упорно пишувам на македонски, а тој јазик не постои. Да пишував западнобугарски дијалект сигурно ќе ме разбереше. Затоа подобро да се вратиме на сексот, оти неговата граматика е универзална и да фатиме конечно да правиме деца.
Какви деца?
Па, такви, мали слатки шарени деца. Кои штом пораснат, веднаш стануваат урбано граѓанство луѓенца. Кои знаат дека име, јазик и историја, не можат да ти платат сметки. Кои се убедени дека штом отфрлиш име и идентитет, веднаш ќе дојдат некои чичковци и тетки за да ти ги плаќаат сметките. Знаеш како оди тоа. Ела, кај чичо во скут, да ти даде шарено бонбонче! Ај, сега ти за чичо, соблечи го малку идентитетот, дај го ваму јазикот, сега чичо тебе ќе ти даде… знаеш како оди приказната. Шарените деца, сега веќе граѓанство луѓенца, конечно ќе забременат од чичо и ќе родат блескава иднина. Тоа што ликовите на Маркиз де Сад имаат повеќе етичност е сосема неважно, зашто етичноста никому не му платила сметки, туку тоа го прават грантовите.
Што САД? Спомна нешто САД.
Е спомнв, да. Во САД се случуваат крајно интересни работи. Се снима порноблокбастер. На „длабоката држава“ почнаа да ѝ пенетрираат во длабокото грло. А на дното од тоа длабоко грло, не седи, за жал, Линда Лавлис, туку лично Обама, Клинтонови, Бајден и Бренан. Ама бидејќи порноблокбастеров само што почна да се снима, рано е да се вадат трејлери.
А ти им се ситиш!
Јас искрено сум сит, море презаситен веќе од планетарни кошмари. Особено затоа што еден од тие кошмари падна и врз нас и никако да се разбудиме од него. Кошмарите со Фреди Кругер, кои ме плашеа во детството, сега ми изгледаат како детски приказни во споредба со реалноста. Да не зборуваме дека оние гореспоменати од длабокото грло на длабоката држава, сите до еден, учествуваа директно во македонскиот кошмар и ако ме прашуваш, да, сакам Трамп да го исуши и исчисти мочуриштето. Уште би додал дека не е лошо, да се засади тоа исчистено мочуриште, макар и со пасиштето на Шилегов, за да можам на раат по него да трчам како нормален човек, со Линда Лавлис во мислите, а не со Хилари Клинтон.
Ти дефинитивно си порнофил!
Уф, со задоволство ја прифаќам етикетата. Можеш слободно да додадеш и дека сум дркаџија, ако дозволи Редакцијата. Оти за мене прекрстените нозе и воздишките на Саша Греј се романтика, во однос на планетарната перверзија што ја гледам на Си-ен-ен кога ми ја сервираат онаа малолетна Грета Тумберг како експертка за коронавирус. Поздраворазумска ми е фантазијата во која се бакнувам со Феј Реган, отколку изопаченоста на секојдневието во кое секој миг некој се обидува да ми силува здрав разум. Тие, господарите на просечноста, сакаат да ми ги избркаат Линда, Саша и Феј од моите фантазии и на нивно место да ја вселат безумноста, која ми вели дека треба во јуни да има брзи избори, затоа што ја победивме пандемијата, но ако нема избори, тогаш ќе се продолжи вонредната состојба поради пандемијата.