Бабароги, амбасадори и продупчени чадори

2068

Сега дишат свежа власт и уште нè убедуваат да се прифатиме насилно укинување на сè што е македонско, затоа што тие, продавајќи си го газот за триесет сребреници, некаде ветиле дека ќе одработат ликвидација на Република Македонија и Македонците. Затоа, бојкотирам изопачена моќ, политичка фарса, хистерични северноцрпнати лицемери и нивните нацистички договори, бојкотирам референдум!

Јавноста е возбудена, народот исчекува, коефициентите во обложувачниците постојано се менуваат, напнатоста расте, сите, ама баш сите со интерес следат која ќе биде новата баба Рога што власта ќе ја извади за да нè плаши со црни сценарија и закани за апс доколку го бојкотираме неуставниот противзаконски референдум за нелегитимниот нацистички грчки договор. Последната баба Рога беше од редот на академиците. Публиката со возбуда следеше како една кариера со децении градена се урива за еден миг, затоа што академикот прифати да аздисува по волја на октроираната власт учествувајќи во големото антимакедонско велепредавство. Мисијата застрашување преку закани со затвор не успеа, затоа што народот веќе подолго време е под постојан притисок на апокалиптични сценарија, ама па и не сака да прифати да се самоукине. Остана само мистеријата каков допинг користел академикот, оти во 2004 година кога власта организираше бојкот на референдумот за територијална поделба, истиов не излезе да се расфрла со закани како сега.

Паралелно со бабарогите на теренот секојдневно истрчуваат понекој амбасадор, дипломат или политички бирократ од западниот свет. И додека бабарогите се закануваат и плашат народ, од устите на амбасадориве тече мед и млеко додека ни ја мантраат лагата за благосостојбите и привилегиите што нè очекуваат ако се самоукинеме како држава и народ. За да биде апсурдот и безумноста на врвно ниво се истопорија некои фаци од Северна Ирска за да нè убедуваат колку ќе ни биде убаво ако станеме Северна Македонија. Ај што воздухот во Белфаст уште смрди од експлозиите на ИРА, ај што се постојано на раб на верска војна меѓу католиците и протестантите, ама па не се ни самостојна суверена држава.

И додека уште не сме го проветриле нашето постоење од лошата миризба што се шири од заканите на бабарогите и лагите на амбасадорите, Јоханес Хан ја посра работата. Излезе и мртов ладен кажа дека во иднина пристапните преговори за влез во ЕУ ќе траат подолго од досега. Мојот прв циничен коментар беше дека најверојатно го провериле коефициентот на интелигенција кај нашиве северноцрпнати политичари и прогресивни граѓани, па сконтале дека си имаат работа со телиња пред шарена ЕУ врата. Како и да е, воочи антиуставен референдум, Хан ни даде уште една голема причина за бојкот. Не сме веројатно идиоти да се самоукинеме заради Европската Унија пред чии врати којзнае колку долго ќе дремеме обезличени. Оти овие неспособниве на власт, освен да наместат тендер и да вработат швалерка, за ништо друго не ги бива, а ЕУ бара сериозни реформи. Ај што ние со здрав разум знаеме дека во Унијата ниту тече мед и млеко, ниту пак тие ги збогатуваат своите нови членки, ама па сега знаеме дека не знаеме кога ќе влеземе таму. Затоа, бојкот!

Кашканициве ги дозакашка Катица Јанева. Кутрата Катица, со една изјава ја урниса неколкугодишната, внимателно плетена и со милионски суми поддржувана местенка на „длабоката држава“, на Џес Бејли и Џорџ Сорос и нивните одработувачи од СДСМ, разните шарени „револуционерчиња“, експертутки, пропагандни мегафони, интелектуалната бижутерија и грантираните новинари и активисти. Сè падна во вода откако Катица мртва ладна призна дека за време на фамозното прислушување, вмроовците слободно си разговарале по телефон, а сдсмјаните знаејќи дека се прислушува, внимавале што зборуваат. И како сега да се продолжи со мантрата дека Груевски и Мијалков прислушувале? Демек, сакале своите да ги прислушуваат, па затоа им шепнале на опозиционерите да внимаваат што зборуваат. Отиде бестрага сиот вложен труд на архитектите на лаги и манипулации, Катица Јанева со една изјава ни потврди и кој прислушувал, и кој бил жртва, кој знаел за прислушувањето и како се одвивал проектот за рушење на македонската држава.

Се продупчи и прокисна чадорот. Вистината тече од сите страни и таа ги открива сите лаги и манипулации. Што ти е животов, а? Некои велат, чудни се патиштата Господови, други додаваат, карма из а бич. Се сеќавате на шарената „револуција“, така? На паркобраните? На она некрофилско мантрање, „колку Тамари чини ’мерцедесот’“? На хистеричните активисти што врескаа полни омраза за сенешто? За задолжувања, за тендери, за расфрлање со државни пари. Не беше тоа толку одамна. Напротив, како да беше вчера. Остатоците од нивната хистерија сè уште се расфрлани по улиците.

Власта се смени и ништо на добро не се промени. Напротив, промените станаа погубни за државата. Излезе дека власта е октроирана само со една цел, бришење на Македонија и Македонците од постоењето. Сето она друго што го слушавме од Заев и неговите, за реформи во економијата, судството, образованието, не само што не се случува, туку станува катастрофално. Сега воопшто не се потребни прислушувани разговори. Кражбата на државата, немањето никаква идеја за реформа, партиските вработувања, антиуставните потези, распродажбата на националните интереси, сè е очигледно. А во меѓувреме се случуваат и некои нешта за кои јас сакам да им се обратам на некогашните хистерици, активисти и „револуционери“. Почина малечката Ева затоа што државата не сакаше да помогне. Владата, која немаше пари за операција, наеднаш најде 600.000 евра за садење цвеќиња. Се масакрира Водно затоа што таму требало да минува некаков гасовод. И каде се сега оние силни „правдољупци“?

Како да умреа, толку е гласна нивната тишина. Затоа што станува збор за банда забегани, отуѓени и обесчовечени хистерици со некрофилски афинитети и огромна опседнатост со пари. За нив малечката Тамара не беше несреќно девојче, туку можност својата финансиски активирана хистерија да ја истурат кон оние за кои се платени да протестираат против нив. Ним не им е гајле за децата, за луѓето, за несреќните родители, затоа што се лицемерна гротеска на отчовеченото битисување. Тогаш глумеа борци за правда, а сега газињата им се удомени во удобните државни фотелји. Вриштеа за неколку исечени дрва низ градот, ама сега кога се масакрира Водно, кога се сечат белите дробови на градот, никаде ги нема. Зошто? Затоа што сега наеднаш екологијата не им е кул. Сега дишат свежа власт и уште нè убедуваат да се прифатиме насилно укинување на сè што е македонско, затоа што тие, продавајќи си го газот за триесет сребреници, некаде ветиле дека ќе одработат ликвидација на Република Македонија и Македонците. Затоа, бојкотирам изопачена моќ, политичка фарса, хистерични северноцрпнати лицемери и нивните нацистички договори, бојкотирам референдум!