Аме­ри­ка­ни­за­ци­ја­та на Евро­па е по­ло­ша од неј­зи­на­та бал­ка­ни­за­ци­ја (1)

911

Имам пред­вид де­ка кај нас до­ми­ни­ра „гла­сач­ка­та“ пси­хо­ло­ги­ја кон овие круп­ни кул­ту­ро­ло­шки пра­ша­ња – ед­ни се без­ре­зерв­но „за“, а дру­ги „про­тив“ (Евро­па или Аме­ри­ка), а ни ед­ни­те ни дру­ги­те не зна­ат зо­што се „за“ или „про­тив“. Мо­же­би ток­му слу­ча­јот „Фу­ен­тес“ ќе им по­мог­не да раз­бе­рат зо­што

Слав­ни­от ме­кси­кан­ски пи­са­тел Кар­лос Фу­ен­тес, чие име не­кол­ку­па­ти се спом­ну­ва­ше и во нај­тес­ни­от из­бор за до­де­лу­ва­ње на Но­бе­ло­ва­та на­гра­да, во 1993 го­ди­на об­ја­ви еден авто­би­о­граф­ски ро­ман за страс­на­та дво­ме­сеч­на љу­бов со поз­на­та­та аме­ри­кан­ска актер­ка Џин Си­берг. Ро­ма­нот се ви­ка „Ди­ја­на или оса­ме­на бо­жи­ца на ло­вот“. Ко­га ќе се от­стра­нат ерот­ски­те пи­кан­те­рии од ро­ма­нот, во не­го оста­ну­ва­ат дра­го­це­ни има­го­ло­шки прет­ста­ви за Евро­па и за Аме­ри­ка (САД), ви­де­ни со очи­те на ге­ни­јал­ни­от Ме­кси­ка­нец.

Поз­на­то е де­ка има­го­ло­ги­ја­та, ка­ко ин­тер­дис­цип­ли­нар­на кул­ту­ро­ло­ги­ја, се ро­ди во ше­е­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век, на те­ре­нот на те­о­ри­ја­та на кни­жев­но­ста, по­точ­но во на­уч­ни­от ин­те­рес на ком­па­ра­тив­на­та кни­жев­ност. Би­деј­ќи иде­ја­та за неа по­тек­ну­ва од фран­цу­ска­та ет­ноп­си­хо­ло­ги­ја, пр­ва за­да­ча ѝ бе­ше да се за­ни­ма­ва со „ди­скур­зив­ни­те кон­струк­ции на ко­ле­ктив­ни­те иден­ти­те­ти“, осо­бе­но со ет­нич­ки­те, но и со кон­фе­си­о­нал­ни­те, а по­тоа ин­те­ре­сот се про­ши­ри, пре­ку пос­тко­ло­ни­јал­на­та и фе­ми­ни­стич­ка­та кри­ти­ка и на дру­ги ти­по­ви ко­ле­кти­ви­те­ти. Тре­ба да се ка­же де­ка има­го­ло­ги­ја­та, всуш­ност, има нај­мал­ку три пред­ме­ти на про­у­чу­ва­ње: 1. прет­ста­ва­та за се­бе­си ка­ко ко­ле­кти­вен иден­ти­тет (авто­и­ма­го­ло­ги­ја); 2. прет­ста­ва­та за Дру­ги­от (хе­те­ро­и­ма­го­ло­ги­ја) и 3. прет­ста­ва­та за прет­ста­ви­те на дру­ги­те за нас (ме­та­и­ма­го­ло­ги­ја). Де­нес таа нај­че­сто се сфа­ќа ка­ко на­у­ка што се за­ни­ма­ва со про­у­чу­ва­ње на на­чи­ни­те на кои ед­на кул­ту­ра пер­ци­пи­ра и вред­ну­ва дру­га кул­ту­ра (хе­те­ро­и­ма­го­ло­ги­ја). Се раз­би­ра, ко­га ќе се сфа­ти та­ка, таа всуш­ност, мно­гу че­сто се све­ду­ва на „по­пис“ на сте­ре­о­ти­пи­те што ед­на кул­ту­ра ги има за дру­га; впро­чем, на оваа те­ма, осо­бе­но ко­га те­ма­та ќе ста­не ма­кси­мал­но ши­ро­ка, па се збо­ру­ва за од­но­сот Исток-За­пад, на­пи­ша­ни се це­ли биб­ли­о­те­ки кни­ги. Но, има­го­ло­ги­ја­та не е са­мо на­уч­на дис­цип­ли­на, ту­ку со­ста­вен дел на се­кое кни­жев­но де­ло што го­во­ри за ко­ле­ктив­ни­те иден­ти­те­ти, а тоа е те­ма ко­ја, ба­рем ро­ма­нот, не мо­же да ја из­бег­не. Та­ка, пи­са­те­ли­те мно­гу по­че­сто од на­уч­ни­ци­те изра­зу­ва­ат има­го­ло­шки су­до­ви. Лич­но, мно­гу по­ве­ќе им ве­ру­вам на умет­ни­ци­те, за­тоа што за раз­ли­ка од на­уч­ни­ци­те се ко­ри­стат не са­мо со раз­у­мот, ту­ку и со ин­ту­и­ци­ја­та. За­тоа, ќе се слу­жам со ци­та­ти од ро­ма­нот на Фу­ен­тес, а не од на­уч­ни­те има­го­ло­шки рас­пра­ви.

Во овој мој ко­лум­ни­стич­ки ми­ни-се­ри­јал ќе ме ин­те­ре­си­ра ка­ко еден иск­лу­чи­те­лен ме­кси­кан­ски ин­те­ле­кту­а­лец и умет­ник ги до­жи­ву­вал САД (со­сед­на кул­ту­ра) и Евро­па (кул­ту­ра во сродс­тво со ме­кси­кан­ска­та, пре­ку шпан­ска­та). Ќе ме ин­те­ре­си­ра кол­ку тие не­го­ви има­го­ло­шки су­до­ви има­ат до­пир­ни точ­ки со на­ши­те де­неш­ни прет­ста­ви за Евро­па и Аме­ри­ка, кои кај нас „се па­ку­ва­ат“ под за­ед­нич­ка­та ети­ке­та „гло­ба­ли­за­ци­ја“. При­тоа, имам пред­вид де­ка кај нас до­ми­ни­ра „гла­сач­ка­та“ пси­хо­ло­ги­ја кон овие круп­ни кул­ту­ро­ло­шки пра­ша­ња – ед­ни се без­ре­зерв­но „за“, а дру­ги „про­тив“ (Евро­па или Аме­ри­ка), а ни ед­ни­те ни дру­ги­те не зна­ат зо­што се „за“ или „про­тив“. Мо­же­би ток­му слу­ча­јот „Фу­ен­тес“ ќе им по­мог­не да раз­бе­рат зо­што.

Мно­гу­ми­на твр­дат де­ка Фу­ен­тес не ја до­би Но­бе­ло­ва­та на­гра­да ток­му по­ра­ди сво­и­те отво­ре­ни кри­тич­ки пер­цеп­ции на САД, кои Евро­па ги сфа­ќа­ше ка­ко алу­зии и за се­бе. Ко­ри­стеј­ќи го име­то Ди­ја­на за слав­на­та Аме­ри­кан­ка, ко­ја ми­сте­ри­оз­но се са­мо­у­би во 1979 го­ди­на на 40-го­диш­на во­зраст, во сво­јот ро­ман Фу­ен­тес го ко­ри­сти овој жен­ски лик ка­ко по­вод да изра­зи до­ста јас­но кри­тич­ко, ду­ри и ан­ти­а­ме­ри­кан­ско рас­по­ло­же­ние, осо­бе­но ко­га ста­ну­ва збор за ше­е­сет­ти­те и се­дум­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век: „Аме­ри­кан­ски­те ба­ха­на­лии ги изе­доа сопс­тве­ни­те де­ца: Мар­тин Лу­тер Кинг, Ке­не­ди­е­ви, Џи­ми Хен­дрикс, Џе­нис Џоп­лин, Мал­колм Икс – и на тро­нот ги по­ста­ви­ја нив­ни­те су­ро­ви по­та­тков­ци, Ни­ксон и Ре­ган. Со Ди­ја­на играв­ме ед­на игра: што би ре­кол не­кој ста­рец ко­га би се раз­бу­дил по сто го­ди­ни спи­е­ње, и би се со­о­чил со САД во 1970 го­ди­на, со ед­на но­га на Ме­се­чи­на­та, а со дру­га­та во шу­ми­те на Ви­ет­нам? Ку­тра­та Ди­ја­на. Се спа­си од тоа да ги ви­ди ос­нов­ни­те учи­ли­шта преп­ла­ве­ни со дро­га, сред­ни­те учи­ли­шта пре­тво­ре­ни во бес­мис­ле­ни и бесп­лат­ни бој­ни по­ли­ња, се­ри­ски­те убиј­ци, не­каз­не­ти­те огра­бу­ва­чи, са­кра­ли­зи­ра­на­та ко­руп­ци­ја – за­што гра­бе­жи­те, из­ма­ми­те и убис­тва­та за­ра­ди стек­ну­ва­ње моќ и сла­ва, се исто та­ка дел од аме­ри­кан­ски­от сон. Што би рек­ла Ди­ја­на, ко­га би ги ви­де­ла де­ца­та на Ни­ка­ра­гва оса­ка­те­ни од оруж­је­то на САД, Црн­ци­те што ги из­га­зи и пре­те­па по­ли­ци­ја­та на Лос Ан­џе­лес, па­ра­да­та на го­ле­ми­те лаж­гов­ци во афе­ра­та во Иран, кои се кол­нат во ви­сти­на­та и се са­мо­прог­ла­су­ва­ат за хе­рои на сло­бо­да­та? Што би рек­ла онаа, ко­ја за­гу­би свое де­те, за зем­ја­та што се­ри­оз­но ја разг­ле­ду­ва мож­но­ста за во­ве­ду­ва­ње смрт­на каз­на за де­ца-кри­ми­нал­ци? Би рек­ла де­ка се­дум­де­сет­ти­те се за­вр­ши­ја со из­бе­лу­ва­ње, со бле­ди­ло на­лик на она на Мајкл Џе­ксон, за да се каз­ни по­стро­го сè што се ос­ме­ли­ло да има бо­ја.“

Су­ро­во об­ви­ну­ва­ње про­тив аме­ри­кан­ско­то ли­це­мерс­тво (кри­ми­нал под ма­ска на де­мо­кра­ти­ја­та) ле­жи во овие ре­че­ни­ци на Фу­ен­тес. Це­лос­но сум све­сен де­ка се­кој има­го­ло­шки суд е иск­лу­чи­тел­но лиз­гав те­рен, ма­кар тој суд до­а­ѓал и од пер­о­то на еден ге­ниј ка­ко Фу­ен­тес, за­што има­го­ло­ги­ја­та се за­ни­ма­ва со КОЛЕКТИВНИ ИДЕНТИТЕТИ, а тоа по­драз­би­ра ге­не­ра­ли­за­ци­ја: по­крај су­во­то, го­ри и су­ро­во­то. Ко­га ќе го про­чи­та­те гор­ни­от па­сус, вие сте нуж­но из­ло­же­ни на ге­не­ра­ли­за­ци­ја – ако еден во ко­ле­кти­вот има двај­ца-трој­ца истак­на­ти кри­ми­нал­ци, то­гаш нив­ни­от кри­ми­нал ста­ну­ва ди­фе­рен­ци­јал­но обе­леж­је на це­ли­от ко­ле­ктив. Тоа во­ди кон сте­ре­о­ти­пи, ама е нуж­но зло ко­га се рас­пра­ва за ко­ле­кти­ви­те­ти­те. Тоа во­ди и кон рас­ни те­о­рии, кон те­о­рии за су­пер­ра­си и по­дра­си, но факт е де­ка ге­не­ра­ли­за­ци­ја­та е со­ста­вен дел и на на­ше­то се­којд­не­вие.

Та­кви иро­нич­ни ре­че­ни­ци за сме­тка на САД има и во уста­та на Аме­ри­кан­ка­та, не­го­ва­та љу­бов­ни­ца, ко­ја не­ма мно­гу ви­со­ко мис­ле­ње за Хо­ли­вуд, кој за неа е – ме­сто со па­ла­неч­ка свест: „Умис­ле­на ве­ли­чи­на, уни­вер­зал­на. Она што та­му се слу­чу­ва е нај­важ­но на све­тот. Си­те дру­ги се бу­да­ли… Са­мо Хо­ли­вуд е ин­тер­на­ци­о­на­лен, кос­мо­по­лит­ски. Ко­га ќе им до­ка­жеш де­ка не е та­ка, те при­ну­ду­ва­ат да го пла­тиш тоа, те мра­зат!“

Оваа сли­ка за Хо­ли­вуд, де­нес, 25 го­ди­ни по­доц­на, мо­же­те сло­бод­но да ја ко­ри­сти­те и за Евро­па. Кон­крет­но, за Бри­сел. Она што та­му се слу­чу­ва е „нај­важ­но за све­тот“. Ба­рем за Бал­ка­нот и оние што чу­ка­ат на вра­та­та на ЕУ. За­тоа и иде­ја­та де­ка она што Фу­ен­тес го пи­шу­ва во 1993 г. за Аме­ри­ка, се­га ва­жи за Евро­па. Евро­па, очиг­лед­но, се аме­ри­ка­ни­зи­ра во пос­лед­ни­ве 25 го­ди­ни, во нај­ло­ша­та смис­ла на збо­рот: ста­на нар­ци­стич­ка и кос­мо­цен­трич­на.

(Про­дол­жу­ва)