Фото: Маја Јаневска-Илиева

Владата даде согласност за започнување на настава со физичко присуство на 13 основни училишта, додека барањата на 25 основни училишта не се прифатени, откако го усвои извештајот на Комисијата за заразни болести на кој биле вкупно 39 барања.

Комисијата даде делумна согласност на едно основно училиште за настава со физичко присуство, во однос практичната настава, бидејќи станува збор за музичко училиште.