Државниот министер за Европа на германското Министерство за надворешни работи Михаел Рот, кој денес престојува во работна посета на Македонија и министерот за надворешни работи Никола Димитров по нивната официјална средба веслаа во Охридското Езеро.

Рот во Охрид присуствува на интерактивната дебата на тема „Македонија на патот кон ЕУ“. Ова е негова втора посета на земјава во период од околу два месеци.