Премиерот Зоран Заев одлучил да не го потпише времено суспендирање на одлуката за флексибилно работно време на државната администрација, информираат од владината прес-служба.

Од таму појаснуваат дека прашањето ќе биде повторно разгледано на следната седница на Влада, откако ќе бидат направени дополнителни анализи и проценки за целисходноста за промена на работното време на администрацијата.

– До нова одлука, како и до сега, останува флексибилно работно време на сите вработени од органите на државната управа од 7:30 и 8:30 часот, до 15:30 и 16:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа – се наведува во соопштението.