Новата американска амбасадорка во државава, Кејт Мери Брнс, првите денови од нејзиниот мандат ги помина во Охрид, каде што завчера присуствуваше на отворањето на 59-тото издание на „Охридско лето“. Таа се пофали и дека ја пробала гостиварската балкава, а ги праша граѓаните за предлози за тоа што треба да проба додека патува низ земјава, преку официјалниот фејсбук-профил на американската амбасада.