Плодна дискусија за соработка се разви на денешната средба на министерот за правда Бојан Маричиќ со претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска и Владимир Георгиев, член на ДКСК, соопшти Министерството за правда.

На состанокот се дискутираше околу одговорноста на институциите во реформите во правосудството, како и потребата за подобрување на соработката на институциите за водење на поуспешна превенција и активна борба против корупцијата.

– Министерот Маричиќ истакна дека ќе биде поддршка на Државната комисија за спречување на корупција во насока на унапредувањето на капацитетите за борба против корупција и посочи дека токму Антикорупциската комисија е една од клучните институции во процесот на преговори со ЕУ. На средбата се дискутираше и околу исполнувањето на препораките од петтиот круг на ГРЕКО – се додава во соопштението.