Министерот за правда, Бојан Маричиќ, денеска се сретна со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн.

Министерот за правда се заблагодари за поддршката од Сојузна Република Германија дадена за подготовката на законите во казнено-правната област и експертската помош во реформите во правосудството.

Воедно, министерот Маричиќ истакна дека смета на поддршката на Сојузна Република Германија за креирање на Кривичен законик по европски модел.

Во однос на евроинтеграциските процеси на земјава, министерот Маричиќ истакна дека очекува за време на германското претседавање со ЕУ да се одржи првата меѓувладина конференција и отворање на Поглавјето 23 и дополни дека Берлинскиот процес непречено ќе се одвива.