Македонската асоцијација на новинари МАН бара од владата да се обезбеди примарна вакцинација за медиумските работници паралелно со вакцинацијата на медицинските лица и најзагрозената категорија на стари лица и изменоштени лица.

– Поради карактерот на извршување на работните обврски, новинарите – репортери, снимателите, фоторепортерите се секојдневно изложени на ризикот од зараза со коронавирусот. Затоа е неопходно да се изврши нивна имунизација заедно со примарните групи предвидени за вакцинација – велат од МАН и додаваат дека се подготвени да излезат во пресрет на владата обезбедувајќи листа на членови (медиумски работници) за кои е потребна итна имунизација.