Во 15 градови низ државата во сабота ќе биде организира голема граѓанска прослава по повод добивањето на покана за пристапни преговори за членство на Македонија во НАТО. 

– Македонија доби покана да стане членка на НАТО и има датум за преговори со Европската Унија. Се изборивме за сигурна иднина. Доаѓа време на надеж, на победи, на гордост. Време на сигурност и безбедност, се вели во објавената програма на веб страницата на Владата на Република Македонија.

Во Скопје и во поголем дел од градовите низ државата прославата ќе почне од 21 часот. Ќе настапат вкупно околу 40 познати музички ѕвезди како Кирил Џајковски, Архангел, Дејан Декс, Дуке Бојаџиев, Горан Кан, Ферус Мустафов, Слаткар, Бени Нон Стоп + Златко Ориѓански, Ерик Фокс, Феки Ферис, Ареа, Кристина Арнаудова, Нокаут, Адријан Гаџа, Владо Јаневски, Лепи Џони, Баклава, Фолтин, Лозано, Дани Димитровска, Елена Ристовска, ДНК, …….