Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва во 21 часот и 15 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во соседна Република Албанија, во епицентралното подрачје Драч, 170 километри југозападно од Скопје.

Според досегашните податоци, Рихтеровата локална магнитуда изнесува ML=5 степени, а почувствуван е во западните делови на Македонија, особено од населението во Дебар и околината со интензитет од III до IV степени, според Европската макросеизмичка скала.