Пописот нема ретроградно да влијае на Законот за употреба на јазиците, туку целта е да се знае колку граѓани има во Македонија, а колку се надвор, со цел изградба на економските, социјалните, културолошките и другите ресурсни политики, истакна премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања.

Премиерот образложи дека законот за употребата на јазиците, правата на Албанците и на помалку бројните заедници апсолутно остануваат исти и тоа никако не се менува во зависност од севкупната бројка на попишани, бројот на резиденти или нерезиденти.

Во делот на економските и социјалните политики, како што подвлече Заев, ако се испразнило некое село и тука повеќе не живеат луѓе, парите ќе се пренасочат за развој на друго село или на градот.