Попладнево (23.04.2021), заврши големата меѓународна вежба „Северна Македонија 2021“ во организација на НАТО ЕАДРЦЦ – Евроатлантскиот Центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и Центарот за управување со кризи (ЦУК) од областа на кризниот менаџмент.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, заедно со директорите на вежбата од НАТО страна, Вим Ванхеим, а од змјата домаќин, Урим Вејсели, одржаа кратки поздравни говори и ги доделија сертификатите на земјите учеснички.

Станува збор за вежбовна активност од големи размери, настан кој инволвира повеќе од 700 учесници од земјава и странство во којашто, покрај Република Македонија, учествуваат 27 земји (вкупно 28) и 17 невладини организации од истите земји.