Фото: Игор Бансколиев

Машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ најавува дека од утре во седум часот ќе го прекине железничкиот сообраќај.

Причина за бојкотот на работата, како што вели претставникот на машинскиот персонал Душко Чакаровски, е неисплатениот надомест за материјални трошоци што требале да го добијат заклучно со денеска.

Според Чакаровски, бојкотот е согласно Одлуката од ноември лани, која предвидува најдоцна до 25 во месецот да им биде во целост исплатена платата за претходниот месец, а најдоцна до 10-ти во месецот да ги добијат и материјалните трошоци.