Ловец од Кочани утрово е тешко повреден при истрел од ловечка пушка на негов колега, информираат од МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил во атарот на селото Јастребник на падините на Осоговските Планини, а 53-годишниот ловец се здобил со прострелна рана во пределот на стомакот.

Ловецот се здобил со сериозна повреда и е транспортиран до болницата во Кочани.

Од Одделението за внатрешни работи информирата дека ловецот кој пукал во својот колега е приведен и против него е поведена истражна постапка, а ловечката пушка е одземена.