Фото: Влада/Архива

До овој момент нема закажана седница на Комисијата за надворешни работи на бугарскиот Парламент на која ќе се разгледува бугарскиот предлог за решавање на спорот меѓу Бугарија и Македонија, јави дописникот на МИА од Софија.

Како што пренесува Бугарската национална телевизија (БНТ), парламентарната комисија ќе биде свикана најверојатно во четврток.

Членови на комисијата од владејачката коалиција, според БНТ, оценуваат дека гаранциите кои ги дава тој документ се добри за Бугарија – според нив Скопје треба да преземе ангажман пред ЕУ да го промени Уставот и да ги впише Бугрите како државотворен народ, и ако Северна Македонија не го направи тоа, нема да има преговори со ЕУ и соодветно на тоа нема да биде кренато ветото.