Фото: Принт скрин

На 2 мај, на празникот Рамазан Бајрам, во липковското село Слупчане ќе се отвори спомен кула во чест на борците на ОНА.
Според радоначалникот на општина Липково Еркан Арифи, на свеченоста ќе присуствува и лидерот на ДУИ Али Ахмети. За кулата висока 20 метри потрошени се 200 илјади евра општински пари.

Градоначалникот Еркан Арифи го најавил отварањето на споменикот.

-За тоа што мачениците го дадоа за нашата слобода, ние ја поставивме Спомен кулата за да го одбележиме нивното херојско дело за цел живот-напиша Арифи.

Одлуки за изградбата на спомен обележја според Законот за меморијални споменици и спомен обележја носи Собранието или единиците за локална самоуправа.

Во Слупчане има и музеј на ОНА.

На настанот ќе присуствуваат и други членови на високото раководство на ДУИ.

Од Владата не информираат кој од министрите ќе присуствуваат во Слупчане. Власта не одговара и на прашањето дали ќе преземат нешто затоа што се трошат толку пари во време кога министрите повикуваат на штедење.