Фото: М.М. / Илустрација

Старец на возраст од 93 години го загуби животот во пожарот што се случи во високатница во Битола.
Според соопштението на СВР Битола испратено до медиумите доцна попландвео станува збор за лицето Ј.Ј. (93 г.) кој живеел во зградата на 12 кат.
Пожарот се случи утрово околу 04.40 часот кога било пријавено дека настанал пожар во стан булевар „1-ви Мај“ во Битола.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, која во гаснењето на пожарот ги ангажирала сите расположливи средства и луѓе.

Во прво време во гаснењето на пожарот учествувале две против пожарни возила со 8 пожарникари, но коха пожарникарите виделе за каков пожар се работи веднаш е побарана помош од колегите, се активиравме и пожарот го гасевме со 5 противпожарни возила и 33 пожарникари.
Ова беше исклучиво тежок пожар . Се наоѓаше на 12 кат, на горниот дел немаше отвор, каде да излегува чадот, имаше висока температура, не можевме да влезиме.

– Кога стигнавме на лице место повеќето станари беа слезени, но тие што не можеа да слезат ги задржавме горе зашто имаше голема концентрација. Го повлековме чадот со вентилатори, па почнавме еден по еден без паника да ги извадиме од 11 и 12 кат што не можеа да слезат. Во пожарот има и жртва-рече Горан Димовски, заменик командир на ТППЕ-Битола.

М.М