Фото: З.А.

За празникот Источен петок (Балаклија), празник во чест на истоимениот извор на Богородица во Цариград, се одаде почит на црковните извори на Господинец, во близина на манастирот„ Пресвета Богородица Пречиста“ Оддавањето почит на истоимениот извор беше одбележано со присуство на голем број верници , свештеници и членови на монашкото братство од„ Свети Јован Бигорски“ и сестринството од манастирите „ Пресвета Богородица Пречиста“,„ Свети Ѓорѓија Победоносец“ и Рајчица.

Фото: З.А.

Оддавањето почит започна со Пасхална Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше епископот Антанијски Г-дин Партениј,по што беше организирана литија од манастирот до изворите во месноста Господинец.

-Бидејќи по обичај на овој празник се оддава почит на црковните извори, затоа Литијата е до изворот Господинец, недалеку од манастирот „Пресвета Богородица Пречиста“- рече Отец Александар Крстаноски, свештеник и учесник на денешното одбележување на Источен петок–Балаклија.
З.А.