Фото: Игор Бансколиев

Во општина Центар Жупа денеска се спроведуваат повторените избори за градоначалник.

– Од 7 часот отворени се сите 16  гласачки места и изброниот тек се одвива нормално. Се надеваме дека така ќе мине целиот изборен ден. Во единствениот избирачки список запишани се 7.077 лица со право на глас, што е за 240 гласачи помалку споредено со локалните избори од 17 октомври минатата година – рече Неџип Илјаз,  претседател на Општинската изборна комисија.

Вчера во оваа општина гласаа 52 болни и изнемоштени лица.

Во трка за градоначалничкото место се двајца кандидати, предложени од политички партии.

Во оваа печалбарска општина, се повторува гласањето за градоначалник бидејќи излезноста беше 25,77 отсто и не беше обезбеден потребниот цензус на излезност од 33,3 отсто од вкупно, тогаш,  запишаните 7.317 гласачи.

Познати бизнисмени во Италија од ова општина, обезбедија бесплатен превоз и од вчера попладне неколку стотина иселеници пристигнаа за да гласаат.