По повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, делегација на Владата составена од министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и советникот на премиерот Едмонд Адеми, положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк и на споменикот на Гоце Делчев на плоштадот „Македонија“ во главниот град.

– Положувањето цвеќе на спомениците на Гоце Делчев од страна на владината делегација е дел од свечените настани со кои се чествува јубилејната годишнина од раѓањето на Гоце Делчев, историскиот великан кој својот живот и дело ги вгради во револуционерната борба за создавање самостојна македонска држава – се наведува во владиното соопштение.