Утре изутрина ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала локална облачност.

Според УХМР, ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималните температури на места ќе се спуштат под минус 10 степени и ќе бидат во интервал од -12 до -4, а максималните од 2 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Во петок и за време на викендот по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност.

По најавите од УХМР, од недела ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд. Утринските температури ќе бидат позитивни.