Синиќа во 20.10 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север при контрола во автобус на превозно претпријатие од Тетово, констатирале дека возачот Ш.А.(56) од Тетово не поседувал лекарско уверение.

Три часа подоцна, на истиот Граничен премин при контрола на автобус на превозно претпријатие од Данска било констатирано дека едниот возач Б.Ш.(36) од Тетово не поседувал лекарско уверение, а другиот возач Б.С.(42) исто така од Тетово, не поседувал ни лекарско уверение ниту сертификат за професионален возач за меѓународен превоз на патници и стока – соопштија од МВР.

Од МВР информираат дека возачите кои биле затекнати без потребната документација биле предадени на Царинската управа за понатамошна постапка.