Фото: Маја Јаневска-Илиева / Архива

Во Соборниот храм во Белград во моментов се одржува света архиерејска литургија, на која служат српскиот патријарх Порфириј и архиепископот македонско-охридски Стефан со епископите на двете цркви.
По оваа литургија, како што дознава Танјуг, патријархот на СПЦ ќе му врачи томос на архиепископот Стефан за признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква.

Во веста што ја објави ТВ Храм, телевизија на СПЦ, стои дека дека на Порфириј му сослужува архиепископот, г.г. Стефан, а во литургијата учествуваат митрополиттите Петар, Тимотеј Агатангел, Пимен, Григориј. Од СПЦ учествуваат епископоите Фотиј, Давид, Стефан, Јеротиј, Јустин Нектариј.
Молитвено учество во литургијата имаат владиците на МПЦ-ОА Јосиф и Климент, а од страна на СПЦ, Иринеј Буловиќ, Сава, и пензионираниот Георгиј.

Според текстот на ТВ Храм во Белград не се само владиците Наум, Иларион, Методиј, Јаков и Партениј.
Овој медиум не пишува кој е поводот за ова сослужување.