Фото: Маја Јаневска-Илиева

Полицијата им се спротивстави на дел од демонстрантите, кои претходно ја урнаа оградата пред Собрание и фрлаа со предмети кон полицијата и кон собраниската зграда.

Откако повеќе од половина час тие фрлаа со различни предмети кон Собранието, полициските службеници успеаја да ги растераат од пред дворот на Парламентот.
Протестот полека стивнува и повеќето од демнстрантите се веќе заминати.