Фото: МВР

Исплатени се вкупно пет бонус плати за над 150 изработени прекувремени часови на годишно ниво. Откако го преземав раководењето со МВР, една од целите коишто ги поставивме на стратешко ниво беше и спроведувањето на гарантираните права на вработените во МВР согласно Колективен договор, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук.

Тој во објавата посочува дека во периодот од 2017 до 2022 се исплатени бонус платите за 2017 и 2018, за коишто не беа обезбедени и исплатени средства од претходното раководство на МВР, а продолжи и редовната исплата на бонус платите за 2019, 2020 и 2021 година, односно вкупно се издвоени 561.773.133 денари или 9.060.857 евра, средства од Буџетот на МВР предвидени за остварување на ова право на вработените.

– Нашиот веќе етаблиран концепт „Задоволна полиција – безбедни граѓани”, којшто за возврат донесе ефективни резултати за безбедноста и сигурноста во периодот од 2017 година наваму, продолжуваме да го унапредуваме и надградуваме, а се со цел уште подобри резултати во полициското работење, односно создавање на професионален сервис за граѓаните, сообразувајќи се со модерните трендови и стандарди на европските полициски служби-додава Спасовски во објавата.