Фото: Влада

Самостојниот синдикат за образование и наука (СОНК) ќе почне со генерален штрајк од 11 април, соопшти претседателот на Синдикатот Јаким Неделков.

– Советот на СОНК донесе едногласна одлука за генерален штрајк кој што ќе започне на 11 Април. Денешните преговори завршија без предлог од страна на Владата –
напиша Неделков на Фејсбук.

Училиштата и градинките нема да работат од 11 април, па се до исполнување на барањата на СОНК за зголемување на платите во образованието за 18,5 отсто, како што истакна Неделков во изјава за телевизија „Сител“.

Владата претходно соопшти дека ќе продолжи континуираниот дијалог, се додека не се најде конечно решение за зголемување на вработените во образовниот сектор, по денешната средба со претставниците на СОНК.