Утрово биле измерени -3 степени на Попова Шапка, -2 во Маврови Анови, Тетово, Штип и Струмица, -1 степен во Крушево, 0 во Претор, Битола, Виница, Прилеп, Дебар и Скопје – Петровец, 1 степен во Крива Паланка, Лазарополе, Охрид, Демир Капија и Скопје – Зајчев Рид, 3 степени во Куманово, 6 во Дојран, 8 степени во Гевгелија.

Утринава имало појава на магла во Струмичкиот регион.

Денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец. Во текот на новогодишната ноќ ќе преовладува ведро време, температурите само понекаде ќе се спуштат до 0°С и ќе има услови за појава на магла во котлините. Максималната температура ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до краткотрајно умерена облачност. Преку ноќта ќе биде ведро и до наутро по малку студено со услови за појава на магла. Преку денот ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.