Постоењето на Ротари Клуб Скопје Север беше официјализирано свечената чартер церемонија која се одржа неодамна во ресторанот „Мадера“ во Скопје.

Ротари клубот Скопје Север го сочинуваат 20 членови. Во согласност со ротаријанските принципи, Ротари клуб Скопје Север средствата кои ги собра од донации на 29 ноември, со особено задоволство ќе ги подари за подобрување на условите во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје, преку набавка на аудиометар.

Одлука на членовите на Ротари клуб Скопје Север е сите напори и средства во наредните проекти да бидат наменети кон подобрување на условите за едукација и развој на деца од ранливи категории во нашето општество.

„Ротари интернешнл“ е најголемата меѓународна сервисна организација, чија намена е да ги зблжи деловните и професионалните лидери со цел да обезбеди хуманитарна услуга и да напредува добра волја и мир низ целиот свет.

Ротарy Интернатионал е основан во 1905 година е претставува глобална мрежа од 1,2
милиони соседи, пријатели, лидери и решавање на проблеми кои гледаат свет каде
луѓето се обединуваат и преземаат активности за да создадат трајна промена – низ целиот свет, во нашите заедници и во самите нас. Главни насоки на делување се

– Промовирање на мирот
– Борба против болести
– Обезбедување на чиста вода, канализација и хигиена
– Поддршка на образованието
– Раст на локални економии

Ротаријанците се искусни и успешни професионалци и бизнисмени посветени на
волонтерската работа со цел на подобрување на условите на живот во различни
заедници, делувајќи преку 32.000 клубови во 170 земји. Ротари исто така промовира мир и разбирање низ неговите едукативни и хуманитарни програми. Огромен е бројот на студенти кои станале културни амбасадори на Ротари, употребувајќи ги вештините со кои се стекнале за да им помогнат на нивните заедници. Ротари клубовите во светот
иницираат илијадници интернационални хуманитарни проекти секоја година.

Една од најважните филантропски цели на Ротари е проектот наменет да се стави крај на болеста детска парализа – ПОЛИО. Во светски рамки и во таа насока е направен огромен напредок. Членовите на Ротари клубовите донирале време и средства да се помогне во имунизацијата на повеќе од деве милијарди деца во 122 земји во светот.

„Ротари интернешнл“ преку својата Ротари Фондација е најголемиот поддржувач на
иницијативата за истребување на детската парализа со повеќе од 500 милиони долари и илјадници волонтери се посветени на оваа цел. Ротари ќе продолжи да се бори сé до
моментот додека светот е потполно ослободен од оваа болест и секое дете сигурно дека нема да заболи од детска парализа.