Општината Бутел ја отвори деветтата ликовна колонија „Љубанци 2019“, а заинтересираните ќе можат да ја посетат до 6 декември. Ќе можат да видат 28 дела на 19 ликовни уметници учесници на последната ликовна колонија, која веќе традиционално се одржува во населеното место Љубанци.

– Инаку, на последната ликовна колонија, која се одржа во јуни во Љубанци, покрај нашите реномирани ликовни уметници, како што се Данчо Ордев, Владимир Лазоски, Харалампие Манчев, Оливер Настески, Гоце Божурски, Ели Чочова и други, учествуваа и уметниците од Србија Владан Ранѓеловиќ и Вукашин Станковиќ. На изложбата беше промовиран специјално подготвениот каталог „Деветта ликовна колонија ’Љубанци 2019’“, во кој се презентирани уметниците и нивните дела. На изложбата беа наградени и најубавите четири детски цртежи насликани на Детскиот ден во рамките на ликовната колонија. Љубителите на ликовната уметност имаа можност да видат 25 слики, две скулптури во метал и една скулптура во дрво – информираат од општината Бутел.