Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, објави на „Фејсбук“ дека по извршените контроли на кафе-барот „Интермецо“, вчера вечер, било утврдено истиот продолжил со работа и покрај изреченото решение и забраната за работа од 30 дена.

– Пломбата поставена на влезот на локалот е отстранета што согласно членот 389 од кривичниот законик, претставува кривично дело казниво со парична казна или со затвор до три години – напиша Богдановиќ.

Тој најави дека Општина Центар до надлежните органи ќе поднесе кривична пријава за симнување на службен печат.