Ексклузивно, фотографот на „Нова Македонија“ Горан Анастасовски имаше чест да го фотографира бебето на белиот кенгур од Зоолошка градина – Скопје. Кенгурчето излезе од торбата на својата мајка и позираше за нашиот фотограф. 

 

– Ова е посебно, возбудливо чувство што малото кенгурче излезе и ми позираше за да ги направам фотографиите, бидејќи малите кенгурчиња поголемиот дел од времето го поминуваат во торбата на своите мајки – вели Анастасовски за направените фотографии.