Фото: Игор Бансколиев

Во кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, ЈП „Комунална хигиена“ одржа акција за чистење на одложениот отпад, со цел подигнување на нивото на хигиената, како и подигање на јавната свест на граѓаните од штетите кои се предизвикуваат со одлагање на отпад.

– Чистењето на институциите не е обврска на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје, ние немаме надлежност да чистиме во дворови на институции. Меѓутоа, ова беше наша одлука да спроведеме вакви акции со цел да се подигне нивото на хигиената, но и да ја подигнеме јавната свест од штетата која ја предизвикува јавното одлагање отпад. Она што нам ни е важно е граѓаните да ја сфатат важноста на оваа порака дека заштитата на животната околина во голема мера зависи од нивниот однос кон отпадот. Апелираме совесно и правилно да се одлага отпадот, да не се создаваат диви депонии коишто се штетни за животната околина – изјави Ана-Марија Бранѓолица, раководител на секторот за поддршка на менаџмент на ЈП „Комунална хигиена“.

Во претстојниот период ќе се одржи спроведе на сите црни точки кадешто постојано се создаваат дивите депонии и покрај активностите на ЈП „Комунална хигиена“. Како црни точки се прогласени оние реони каде постојано се создаваат нови диви депонии по неколку дена откако истите биле исчистени. 

-Значаен фактор ни се и инспекциските служби кои што треба да излезат на терен и почесто да казнуваат доколку тоа е потребно, поради тоа што санкциите и казнените мерки се едни од средствата за заштита на средината. Заштитата на животната околина зависи од сите нас. Со секое одлагање отпад на јавна површина, граѓаните го кршат Законот за чистота. ЈП „Комунална хигиена“ ќе продолжи со чистењето на црните точки во претстојните денови со цел да испрати порака до граѓаните за грижење и чување на животната средина – вели Бранѓолица.