Фото: Игор Бансколиев

Во дво­рот на скоп­ско­то оп­штин­ско ос­нов­но учи­ли­ште „Јан Амос Ко­мен­ски“, денеска нап­лад­не беа за­са­де­ни 11 но­ви ма­ке­дон­ски чи­на­ри, во со­ра­бо­тка и под по­кро­ви­телс­тво на Оп­шти­на Кар­пош.

Од­бе­ле­жу­ва­ње­то на Де­нот на сес­ло­вен­ски­те про­све­ти­те­ли Све­ти Ки­рил и Ме­то­диј про­дол­жи со еко­ло­шки актив­но­сти во ова учи­ли­ште, а поз­на­ти­от ма­ке­дон­ски пи­са­тел Ки­ро До­нев на де­ца­та што беа вклу­че­ни во ак­ци­ја­та за за­са­ду­ва­ње на дрв­ја­та, уче­ни­ци­те од пр­во до пет­то од­де­ле­ние, им по­да­ри свои кни­ги, из­да­ние на „Ма­ке­до­ни­ка ли­те­ра“.

Ди­ре­ктор­ка­та на ООУ „Ј.А. Ко­мен­ски“, Ма­ја Ста­ро­ва, ја истак­на важ­но­ста на ор­га­ни­зи­ра­ње­то ва­кви ак­ции.

– По­крај ак­ци­ја­та за уре­ду­ва­ње на учи­лиш­ни­от двор со дол­го­го­диш­ни автох­то­ни дрв­ја, це­ла­та актив­ност бе­ше из­ве­де­на со учес­тво и на уче­ни­ци­те, со што се по­тен­ци­ра важ­но­ста на за­ед­нич­ко­то дејс­тву­ва­ње и гри­жа­та на си­те нас за пра­ша­ња­та од општ, ја­вен ин­те­рес. Ва­кви­те при­ме­ри има­ат и еду­ка­ти­вен ка­ра­ктер и им ги по­со­чу­ва­ат на де­ца­та ви­стин­ски­те вред­но­сти – ре­че Ма­ја Ста­ро­ва.

На за­са­ду­ва­ње­то на чи­на­ри­те при­сус­тву­ва­ше и гра­до­на­чал­ни­кот на Оп­шти­на Кар­пош, Стев­чо Ја­ки­мов­ски.

– Де­не­ска има­ме убав по­вод да се дру­жи­ме за­ед­но и да да­де­ме при­до­нес во раз­зе­ле­ну­ва­ње на на­ша­та оп­шти­на. На­ед­но упа­ту­вам го­ле­ма бла­го­дар­ност за до­на­ци­ја­та до гру­па­ци­ја­та „Ау­то­мо­тив груп“. Цел­та на овој на­стан, дра­ги де­ца, е кај вас да се вса­ди љу­бо­вта кон при­ро­да­та, здра­ва­та жи­вот­на сре­ди­на и неј­зи­но­то за­чу­ву­ва­ње, а со при­сус­тво­то на пи­са­те­лот Ки­ро До­нев се на­де­вам де­ка кај вас ќе се пот­тик­не и љу­бо­вта кон чи­та­ње­то. Ве поз­дра­ву­вам во име на Оп­шти­на­та и се на­де­вам де­ка со­ра­бо­тка­та со ова и со дру­ги­те учи­ли­шта во Кар­пош ќе про­дол­жи  из­ја­ви Стев­чо Ја­ки­мов­ски.

Фото: Игор Бансколиев