Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар, во соработка со сообраќајната полиција во Скопје, санкционираа 132 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
– Во периодот од 18.4.2022 до 24.4.2022 година, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ, се отстранети 74 непрописно паркирани возила, а со поставување механичко средство „блокатор“ се санкционирани 58 возила што биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници резиденти на секторот во кој биле паркирани – информираат од претпријатието.
Оттаму додаваат дека за трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање е неопходна поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР-Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општината Центар, за да се издигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.