Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар, во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје, изминатата седмица санкционираа 143 непрописно паркирани возила. кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
– Во периодот од 10.1. до 16.1.2022 година, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ се отстранети 82 непрописно паркирани возила, а со поставување механичко средство „блокатор“ се санкционирани 61 возило што биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници резиденти на секторот во кој биле паркирани – информираат од Општината.
Оттаму додаваат дека ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот за одржување ред и безбедност на улиците.