Во рамките на пролетната работна акција што изминатите денови се спроведува
на територијата на општината Центар, активностите на екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ се одвиваат во согласност со планираните работни задачи.
Со активностите за чистење и средување на јавните зелени површини се спроведе расчистување на зеленилото, собирање отпадоци и смет, како и собирање шут и гранки од зеленилото на улицата Васил Ѓоргов и булеварот Св. Климент Охридски.
– На терен екипите извршија и косење на тревните површни на зеленилото, собирање на откосот и кроење на вегетацијата. Истовремено, екипите од секторот Дрвореди постапија по пет решенија, при што вкупно се искастрија седум дрвја на улиците Васил Ѓоргов и Народен фронт, врз основа на издадени решенија од страна на Град Скопје – информираат од претпријатието.