Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ уреди нов зелен хортикултурен плоштад, со површина од 3.244 квадратни метри, на кејот „Димитар Влaхов“. Зелената површина е поделена на повеќе парцели со пешачки патеки.
– Уредувањето на просторот се одвиваше во неколку фази, односно се извршија прекопување и отстранување на површинскиот слој, кој се замени со квалитетна почва – информираат од претпријатието.
На целиот зелен плоштад е поставен систем за наводнување на засадениот цветен расад од сезонско цвеќе од видот цинија, како и на тревникот и вегетацијата.