Статуа фест 2022 / Фото: Маја Јаневска-Илиева

„Статуа фест“, од денес па сѐ до 25 јуни, ќе се одржува на скверот „Јадран“, во организација на „Театроск”, а со поддршка од град Скопје. Годинава тема на фестивалот е „Танго на улица“.

– Оваа година ќе раскажува за тангото, дури и му дадовме име на фестивалот „Танго на улица“. Тенденцијата е да го претвори Скопје во една мала, но, сепак, голема уличка, сместена некаде во некој раздвижен простор во длабочините на духот на аргентинското танго. Фестивалот ќе тежнее да ги види оние страсни скопјани кои со сиот свој дух лудуваат по тангото, „премачкани“ во тој разигран уличен миг на евергрин. „Танго на улица“ ќе го расцупка асфалтот во ритамот на бандеонот, кој создавајќи ја музиката за танго, ја возвишува до небеса сета енергија која како морница лази по телото – велат организаторите.